09 Ноември, 2025
0.0406

УПРАВУВАЧКИОТ АКЦИОНЕР ЈА КРЕДИТИРА ФЗЦ КУМАНОВО СО 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА - еве ги деталите за дарежливиот газда

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2024 08:10

Добивај вести на Viber

Интересна информација осамна на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. 

Доминантниот и управувачки акционер на кумановската ФЗЦ, ќе си ја кредитира компанијата со 6,5 милиони евра.

Имено, на 10 декември треба да одржи Собрание на акционери Фабриката за заварени цевки и профили 11 октомври од Куманово, на која акционерите ќе гласаат оваа компанија да земе заем од 6,5 милиони евра од компанијата Квалитет пром, а која е управувачки акционер во ФЗЦ, со над 51 отсто од капиталот. Таа се занимава со градежништво и трговија, а станува збор за Квалитет пром ДООЕЛ, исто така од Куманово.

„Се одобрува склучување и реализацијана голема зделка со заинтересирана страна на ФЗЦ Куманово со Друштво за градежништво и трговија КВАЛИТЕТ-ПРОМ ДООЕЛ Куманово увоз-извоз, како заинтересирана страна, која се состои од склучување на Договор за заем, во кој ФЗЦ се јавува како заемопримач, а Квалитет пром се јавува како заемодавач“, се вели во објавата на Берзата.

Вредноста на зделката по основ Договор за заем, изнесува 400.000.000 денари, односно 6,5 милиони евра, за период од 5 години.

Вкупната вредност на наведената зделка е повеќе од 2 отсто од книговодствената вредност на имотот на друштвото според последните ревидирани финансиски извештаи на Друштвото, односно е над 20 отсто, но не повеќе од 50 отсто од книговодствена вредност на имотот, со што надминува 10 отсто од вредноста на активата, па затоа се важи како голема зделка и потпаѓа под правилата за одобрување на голема зделка со заинтересирана страна.

Се утврдува дека за наведената зделка има Извештај за ангажман за разумно уверување во постапка за одобрување на зделка со заинтересирана страна од овластен ревизор кој ги исполнува условите пропишани согласно Законот за ревизија и Законот за хартии од вредност.

Но, овде се наведува дека компанијата Квалитет пром е и акционер кој поседува повеќе од 20 отсто од акциите со право на глас во ФЗЦ.

Според состојба на ЦДХВ, компанијата Квалитет пром поседува 52,36 отсто од акциите на ФЗЦ, додека компанијата Рапид Билд располага со 9,15 проценти.

За квалитет пром на нејзината веб сттраница е наведено дека се занимава со складирање, трговија и дистрибуција на градежни материјали, производство на електрични кабелски сетови.
Друштво за градежништво и трговија Квалитет-Пром ДООЕЛ е 100 отсто приватна компанија основана во 1990 година како семеен бизнис. Идејата за основањето на компанијата е поврзана со претходно неколкугодишно претприемачко работење во градежништво односно изградба на куќи со комплатна организација на изведбите до клуч на рака.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Светот се соочува со нова економска криза: Како да се подготвиме?

Светот се соочува со нова економска криза: Како да се подготвиме?

Атина сака „вертикален коридор“: Грција сака да стане главна влезна точка за американскиот гас во Југоисточна Европа

Атина сака „вертикален коридор“: Грција сака да стане главна влезна точка за американскиот гас во Југоисточна Европа

Тешки метали откриени во детска играчка: Пепко повлекува уште еден производ од српскиот пазар

Тешки метали откриени во детска играчка: Пепко повлекува уште еден производ од српскиот пазар

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО ЈАНЧЕВ: Ја продолжуваат соработката во интерес на бизнис заедницата

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО ЈАНЧЕВ: Ја продолжуваат соработката во интерес на бизнис заедницата

ВАКА БУГАРИЈА ЌЕ ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО ЛУКОИЛ! Го менуваат законот, Русите нема да имаат право на глас ниту можност за жалба

ВАКА БУГАРИЈА ЌЕ ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО ЛУКОИЛ! Го менуваат законот, Русите нема да имаат право на глас ниту можност за жалба

Орбан: Добивме неограничено и целосно ослободување од санкциите против Русија

Орбан: Добивме неограничено и целосно ослободување од санкциите против Русија

Трамп објави дали Индија престанала да купува руска нафта

Трамп објави дали Индија престанала да купува руска нафта

Поевтини храната во светот, исклучок има кај една намирница која сите ја користиме

Поевтини храната во светот, исклучок има кај една намирница која сите ја користиме

Балканците навалија во овие земји: Платите се огромни

Балканците навалија во овие земји: Платите се огромни