19 Декември, 2025
0.0710

УСАИД и Еколог основаат Фонд за поддршка на жени и млади во претприемништвото

Објавено во: Мои пари 27 Март, 2014 14:24

Добивај вести на Viber

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и меѓународната услужна компанија Еколог денеска во Тетово заеднички го основаа Фондот за поддршка на жени и млади во претприемништвото. Секој од партнерите вложи по 15.000 долари за да го основа Фондот, кој ќе им помага на малите бизниси да ги зголемат своите капацитети, да создаваат повеќе работни места и да го подобруваат квалитетот на животот во Полошкиот регион. “Инвестицијата во Фондот за поддршка на жени и млади во претприемништвото е инвестиција во луѓето во Полог и носи придобивки за сите луѓе во регионот“, рече Американскиот Амбасадор Пол Волерс и додаде: “Ги повикувам и другите бизниси да го следат примерот на Еколог и да придонесат со свои средства во Фондот за поддршка на жени и млади во претприемништвото“. Истражувањата покажуваат дека општествата со поголема еднаквост помеѓу родовите имаат и повисок економски раст. Јавните и приватните сектори имаат придобивки кога жените можат во целосно да учествуваат во економијата. Во текот на 2013 година, Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси им помогна на повеќе жени претприемачки во регионот со доделување на грантови на бизниси кои се водени од жени и имаат висок потенцијал за раст. Со поддршката од УСАИД, бизнисите го дуплираа своето производство и заедно создадоа 33 нови работни места. Фондот ќе ги насочи овие напори и кон младите претприемачи и ќе продолжи да ги зајакнува локалните економии и да ги подобрува животите на граѓаните. Советодавен одбор во кој членуваат жени претприемачи и претставнички од локалната самоуправа ќе номинира бизниси кои ќе можат да добијат финансиска поддршка.  УСАИД ги охрабрува инвеститорите и заинтересираните претприемачи да го контактираат одборот на Фондот на : office@zllr.org.mk

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција