Уште двајца директори поднесоа оставки пред Арсовска
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2022 12:21
Директорите на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов и на ЈСП Турс, Филип Василевски , денеска денеска поднесоа оставки оред градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по отворениот судир со ВМРО-ДПМНЕ.
Досега шест директори на комунални претопријатија си дадоа отказ пред Град Скопје, откако претходно тоа го направија и директорот на Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници Лајка – Скопје, Воислав Димитровски како и директорите на „Градски паркинг“ – Скопје, Бојан Христовски и ЈП „Дрисла“, Јане Мицевски откако беше разрешен в.д. директорот ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, Златко Перински.
- Оваа моја одлука ја донесов како резултат на неадекватната комуникација со Градоначалничката на Градот Скопје, како основач на Претпријатието, како и немањето на разбирање при реализаиција на клучните проекти од интерес на Градот, а за кои јавното претпријатие имаше можност и потенцијал. Неможноста и покрај сите мои искрени намери и напори да воспоставиме меѓусебно разбирање, соработка и почитување како неопходни фактори за успешна имплеметација на зацртаните проекти и активности на претпријатието, придонесоа кон донесување на оваа моја одлука, напиша Настов.
Директорот на ЈСП Турс исто така вели дека несоработката е причина за оставката, иако претпријатието рабоптело со позитивни резултати.
– Морам да кажам дека разочарувачки е тоа што визијата која не обединуваше, проектите во кои веруваме и за која се обврзувавме пред скопјани не се исполнува и нема согласност од градот кој се повеќе е заглавен во кавги и пресметки и лични интереси затоа си давам оставка од директор на ЈСП Турс, од каде си заминувам со крената глава, задоволен од резултатите и со принципите во кои продолжувам да верувам, напиша Василевски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




