Уште еден Таџикистанец уапсен за нападот на „Крокус“

Објавено во: Свет 01 Април, 2024 19:39
Басманскиот суд во Москва му одреди притвор до 22 мај на десеттото лице, државјанин на Таџикистан, вклучено во терористичкиот напад на салата Крокус, пренесува РИА Новости.
Според информациите, станува збор за Јакубјони Јусуфзода, кој, како што соопшти Рускиот истражен комитет, неколку дена пред терористичкиот напад префрлил пари на соучесник преку неговата банкарска картичка „за да обезбеди сместување за терористите“. Дел од средствата му префрлил на еден од сторителите по терористичкиот напад.
Јусуфзода за време на рочиштето рече дека работел како дневен работник на градилиштето. Главниот дел од судењето беше затворен за јавноста на барање на истражителите.
Сите десетмина уапсени се обвинети дека извршиле терористички напад во кој имало смртни случаи, за што според рускиот кривичен законик е предвидена казна доживотен затвор.
Јусуфзода беше уапсен на 26 март и му беше одреден 12 дневен притвор поради непочитување на полициските наредби при проверка на документи.
Во терористичкиот напад на Крокус на 22 март, според последните податоци на Министерството за вонредни состојби, загинале 144 лица.
Можеби ќе ве интересира
ИМА САМО 15 ГОДИНИ: Момчето кое избоде ученици во Франција испратило писмо долго 20 страници

(ВИДЕО) СРЕДБАТА НЕ БЕШЕ НАЈИДЕАЛНА: Зеленски ја коментираше расправијата со Трамп во Овалната соба

ДАНСКИ АВАНТУРИСТ ПОСЕТИ 203 ДРЖАВИ: Подвигот го направи без да користи авион

ИДЕЈА НА РУСИЈА: БРИКС може да создаде алтернатива на Меѓународниот кривичен суд

ИМАЛО 300 ПОТРЕСИ ВО ИСТАНБУЛ: Турците ноќта ја поминаа во паркови, се очекува силен земјотрес

ВЛАСТА ПАЛЕШЕ ЗАПЛЕНЕТ КАНАБИС, А 25 ИЛЈАДИ ТУРЦИ НЕСАКАЈЌИ СЕ „НАПУШИЈА“ - вртоглавици и халуцинации кај жителите на Дијарбекир
ШТО МУ ДОНЕСОА СТОТЕ ДЕНА МИНАТИ ВО БЕЛАТА КУЌА НА ТРАМП? Стана најнепопуларен американски претседател
