22 Ноември, 2024
0.0337

УШТЕ МАЛКУ ОСТАНА ОД ЛЕТОТО, ИСКОРИСТЕТЕ ГО ВРЕМЕТО ЗА НА ПЛАЖА: Сместувачките капацитети ги намалуваат цените

Објавено во: Македонија 04 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Почна месец септември. Пријатното време граѓаните можат да го искористат за на плажа, а сместувачките капацитети сега нудат нешто пониски цени за разлика од оние во екот на сезоната.

Охриѓани велат дека во септември сместувањето во градот е поевтино за разлика од јули и август кога имаат гужви. Од друга страна, имаме и одредена група на граѓани кои одмораат во мај или септември.

„Побарувачката си го прави своето. Во септември цените се за 20 или 30 отсто пониски. Поубаво да ги издадам апартманите по пониски цени, отколку да ми стојат празни, затоа што нели на крајот празен кревет е најскап кревет. Најмногу гости има 10 дена пред и после 2 Август. Сега доаѓаат гости за викенди и странци кои остануваат најчесто по 2 дена“, велат од Вила Кочески Пештани.

Рушка Газетиќ од Дојран која издава апартман објаснува дека дел од издавачите ги намалуваат цените во септември, но тоа не важи за сите.

„Ги намалуваме цените. Апартман е од 1.200 до 1.500 денари. Најголемата гужва ни беше во август, кога алгите цветаат и луѓето доаѓаат тогаш“, додава Газетиќ.

И во Преспа велат дека сега сместувањето е поевтино за разлика од јули и август. Дополнително, додаваат дека кај нив преку цело лето има поповолни цени за разлика од Охрид каде цените се повисоки.

„Секако дека е поевтино, затоа што секаде е така, цените во пролет и есен се пониски. Гости имаме закажано до 26 септември, е сега ако е убаво времето во октомври, можно е на почетокот на месецот да имаме гости. Секој апартман е приказна за себе“, велат од Релакс апартманите од Претор.

Крсте Блажески од ХОТАМ објаснува дека периодов има попусти и за сместување во хотелите.

„Има попусти 10-20 отсто по хотелите. Сега се ближи и празникот 8-ми Септември, невработен ден, и ќе има попусти. Имаме исполнетост од 70 отсто, а кога таа исполнетност ќе се намали може да се очекуваат поголеми попусти, но тоа би се случило во втората половина на септември“, рече Блажески.

Тој додава дека хотелиерите се задоволни, дека оваа година имаше туристи, така што сега ги детектираат недостатоците и во координација со институциите ќе гледаат да ги отстранат за идните сезони, со цел поголем профит и на хотелите, но и на општините. Во периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 30.1 oтсто, објави Државниот завод за статистика(ДЗС). 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/tzido

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР