05 Декември, 2025
0.8774

УШТЕ ВРЕДИ ДА СЕ ШТЕДИ, АМА КАМАТИТЕ ТРГНАА ПО НАДОЛЕН ТРЕНД - еве колку се добива за чување пари во банка

Објавено во: Финансии 03 Февруари, 2025 08:20

Добивај вести на Viber

Жилава е инфлацијата, па затоа и се уште се жилави и каматните стапки, но тоа не е предмет на интерес на оваа мини анализа на Фактор.

Имено, централната банка ги објави најновите податоци за висината на каматните стапки за декември минатата година, а тие говорат дека иако кредитирањето малку и сосема благо поевтинува, чувањето на депозити од страна на банките се уште „држи цена“, односно и натаму држи пристојни каматни стапки, иако и кај нив веќе се забележува засега скромно опаѓање.

Еве да погледнеме како сега стојат каматните стапки на крајот на декември минатата година.

Заклучно со крајот на минатата година, вкупните кредити што се дадени во земјава имале просечна каматна стапка од 5,3 отсто. Тоа е намалување и во однос на претходниот месец, кога таа камата била 5,35 проценти, а и во однос на една година претходно, кога вкупшните кредити одобрени во земјава имале просечна каматна стапка од 5,47 отсто.

Реално, фирмите во декември лани можеле да земат поевтини кредити во однос на домаќинствата.

Па така, во последниот месец од минатата година просечната камата на вкупните кредити за корпоративниот сектор изнесувала дури и под 5 отсто, односно 4,96 проценти, што е намалување и во однос на претходниот месец, но и во однос на една година претходно, кога таа камата била 5,33 отсто.

А за разлика од овие, вкупните кредити за домаќинствата на крајот на декември лани уште имале висока просечна камата од дури 5,63 отсто, што е уште повеќе од декември во претходната 2023 година.

Значи, ако си обичен граѓанин, не е воопшто евтино да земеш банкарски кредит.

Да видиме што е со новоодобрените кредити, што ги претставуваат всушност оние заеми кои се дадени во претходната година.

Кај новоодобрените кредити има тренд на спуштање надолу, па тие во декември лани во просек биле 4,42 отсто, наспроти 5,21 отсто во претходната година истиот месец.

Повторно тука фирмите се подобри од граѓаните, па за нив каматата во декември лани била 4,39 отсто, наспроти граѓаните со 4,47 проценти.

Да видиме што се случува со депозитите.

На крајот на декември лани вкупните депозити имале камата од 2,17 отсто, што е се уште раст во однос на еден месец претходно, во ноември, кога изнесувале 2,12 проценти.

Но, кај новопримените депозити, а тоа се оние влогови што ги прибрале банките во последната година, веќе е присутен надолниот тренд на каматните стапки.

Имено, каматата на новопримените депозити во последната година била 2,78 отсто, наспроти 2,8 отсто во ноември лани, што е месечно намалување, но споредено со декември 2023 кога таа камата била 2,37 отсто, сепак, сега имаме многу подобри односно повисоки каматни стапки.

И, уште една констатација, кај новопримените депозити. Во поглед на каматните стапки подобро стојат домаќинствата, со камата од 2,83 отсто, но што е сепак благо намалување во однос на претходниот месец, кога таа камата била 2,88 проценти.

Граѓаните, поради овие се уште пристојни каматни стапки, се охрабрија да штедат во банка, и тоа повеќе во денари. 

НБМ во својата табела која се однесува на каматните стапки не ја дава таа статистика, во смисла колкави се каматите на денарските, а колкави на девизните депозити, но факт е дека денарските депозити растат и тие ги надминаа девизните.

Билансите на банките се полни со прибрани граѓански депозити. Но, доколку продолжи трендот на намалување на каматните стапки, можеби граѓанскиот сектор ќе се преориентира, па наместо да штеди пари во банка, ќе почне да размислува за други опции за инвестирање.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката