УСЈЕ ѝ донира 200 тони цемент на општината Штип
Објавено во: Мои пари 11 Февруари, 2015 11:42
Во рамки на донациите за поплавените подрачја кои ја зафатија околината на штипско, од Цементарница Усје АД Скопје соопштуваат дека ќе донираат 200 тони цемент на општина Штип во вредност од над 1,1 милион денари. Донацијата е наменета за санација на коритата на реките и поправка на мостовите на територија на општината, со што во голема мерка ќе се санираат настанатите штети од поплавите.
„Имајќи ги предвид состојбите на терен по големите поплави во источниот дел на Македонија, УСЈЕ како компанија донесе одлука за донација на 200 тони цемент кој ќе биде искористен за санирање на штетите од поплавите. Цементарница УСЈЕ во согласност со својата политика за општествена одговорност доброволно се вклучува во акции за подобрување на состојбите настанати како резултат на природни катастрофи“, изјави Борис Хрисафов, Главен извршен директор на УСЈЕ.
Вработените на Цементарница УСЈЕ собраа доброволна парична помош за семејствата од настраданите подрачја. Висината на средствата собрани од лични донации на вработените изнесува околу 150.000 денари, а компанијата ги дуплираше овие средства, со што околу 300.000 денари ќе бидат уплатени на сметката на Црвениот крст како помош за подобрување на моменталните услови за живеење, велат од компанијата УСЈЕ.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




