21 Мај, 2024
0.0265

Успехот на Ворен Бафет го следеле три навики

Објавено во: Стил 08 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Ворен Бафет поминал макотрпен пат како како од седумгодишно момче кое продавало шишиња Кока-Кола, станал сопственик на бизнис царство од 525 милијарди долари, а на патот до успехот се држел до некои навики кои би требало сите да ги усвојат. Се што постигнал, првиот човек на „Berkshire Hathaway“ го постигнал со навики кои сите кои сакаат да бидат успешни треба да научат да ги применуваат. Еве кои се: Никогаш немојте да престанете да учите Според зборовите на потпретседателот на компанијата „Berkshire Hathaway“ , Чарлс Мунгер, Бафет ги насочил своите активности на неколку работи, и максимално се концентрирал на нив. Работејќи така 50 години, станал експерт во таа област. Со други зборови, Бафет сфатил во што е добар и константно работел на тоа усвојувајќи нови знаења. Клучот е трпението Во бизнисот, но и во многу други работи, трпението е важно ако не и пресуден фактор. Бафет знаел кога човек треба да чека, иако многу лесно можел да попушти пред притисокот. Меѓутоа, наместо избрзани одлуки, би седнал и чекал подобра понуда која на крај и дошла. Трпението често значи - чекор напред. Дајте им признание на колегите Секој успешен претприемач не успеал сам. Секогаш туку биле други колеги, работници или бизнис партнери кои го одработиле својот дел од работата. Ако сакате да ги следите трагите на Ворен Бафет, никогаш немојте да заборавите да ги пофалите или наградите луѓето кои ви помогнале на патот до успехот.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“