УСПЕШНА И НА 82 ГОДИНИ: Запознајте ја првата Јапонка која сама заработила милијарда долари
Објавено во: Финансии 28 Јануари, 2017 18:14
Денес има 82 години, била пионирка на женско претприемништво во Јапонија и вели дека милијардите воопшто не ги сонувала.
Yshiko Shinohara, и покрај тоа што го изгубила татко си додека имала шест години, што се развела во дваесетите на средина на минатиот век кога тоа било проблем во Јапонија, и покрај тоа што нема високо образование, станала првата Јапонка која сама стекнала милијарда долари.
Таа денес со 82 години стана светска вест. Имала 38 години кога во својот еднособен стан во Токиоа во 1973 година ја основала агенцијата за вработување TempStaff.
Пред шест години за Фајненшал тајмс објаснила дека тоа било период кога жените своите сопрузи морале да ги прашуваат за дозвола дури и ако побараат привремена работа. И таа тука ја воочила шансата.

„Помислив дека можам да ја проширам понудата за жени во сите области во кои би биле во состојба да ги покажат своите способности“, рекла таа.
Компанијата до денес станала Temp Holdings и има 313 канцеларии од Лос Анџелес до Тајван.
Магазинот Форбс компанијата ја проценува на 4,5 милијарди долари, а со удел од 25 отсто во фирмата, и по растот на акциите на компанијата, Shinohara влегла во светот на милијардерите.

„Една од моите особини е тоа што мразам да губам“, рекла Shinohara во 2010 година.
Година дена подоцна го рекла и ова: „Набрзо по венчавката, сфатив дека со задоволство не би била во брак, дека тоа не е за личност како мене. Така одлучив и да се разведам што порано. На таквата моја одлука се налутија мајка ми и брат ми. По разводот си реков дека е време да направам нешто за себе.
Вработувала жени и во еден момент, поточно во 1988 година, и паднало на ум да вработува и мажи.
„Не благодарам, не ни требаат такви суштества“, вака на предлогот и возвратила една од менаџерките.
Но, се било очгледно дека сепак им се потребни, па почнала да вработува и мажи и одеднаш, продажбата значајно пораснала.

Тоа бил првиот клучен момент во развојот на компанијата. Вториот се случил во текот на децении економска стагнација на Јапонија во деведестите, во период кога компаниите масовно почнале да избегнуваат често вработување и се свртувале кон барање на привремена работна сила.
Секако дека тогаш и се обраќале на Темпу за нив да пронаоѓа такви работници. Shinohara денес вели дека никогаш не планирала да стане милијардерка, дека едноставно сакала да остави трага зад себе.
„Сакав да му допринесам на општеството преку бизнис“, вели оваа Јапонка.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





