05 Декември, 2025
0.0380

УСТАВ: Гувернерот Богов на линија со Владата, експертите се поделија!

Објавено во: Финансии 02 Јули, 2014 07:41

Добивај вести на Viber

Уставните измени за ограничување на нивото на јавниот долг и на буџетскиот дефицит се современ тренд и ефектите ќе бидат позитивни – оцени гувернерот Димитар Богов. Тој го дели ставот на Владата дека на ваков начин, преку уставно утврдување на нивото на Јавниот долг до 60% од БДП и на буџетскиот дефицит до 3% од БДП, ќе се обезбеди погоелма транспарентност во јавните финансии.
“Постои таков пример во многу земји и тоа е еден современ тренд, кој последниве години се воведе во многу земји. Од аспект на монетарната политика е позитивно да имаме поголема транспарентност и предвидливост на фискалната политика, што секако е позитивно за нас.“ - изјави гувернерот Богов.
Според него, веројатно е дека предлагачите ги имале во предвид и моментите, односно ситуациите кои подразбираат и непредвидливи трошоци, како што се на пример евентуална воена или вонредна состојба, можни социјални немири и друго. Владата ја најави можноста за уставно регулирање на нивото на јавниот долг и на буџетскиот дефицит со образложение дека на ваков начин ќе се зголеми трансперентноста во јавните финансии.
“Република Македонија иако успешно се справи со светската економска криза со оваа иницијатива се има намера во Уставот превентивно да се вградат механизми, што гарантираат фискална дисциплина и стабилност, тргнувајќи од најдобрите европски практики по примерот на земјите кои извршија уставни измени во оваа насока, меѓу кои Германија, Шпанија, Словенија, Австрија, Полска, Италија. Ова ќе преставува нов квалитет, и силна гаранција, дефинирана со Устав, за оваа или било која идна Влада, домаќински да се однесува со буџетот, и дефицитот како и јавниот долг да биде на стабилно и одржливо ниво. Ова е согласно заложбите за креирање на економски напредок и функционирање на економски стабилен систем“ изјави премиерот Никола Груевски.
Домашната експертска јавност се подели. Додека едни сметаа дека уставното решение за ограничување на нивото на јавниот долг ќе ја зголеми фикалната дисциплина и ќе биде гарант за контролирани трошења на владата, без разлика на која политичка опција и припаѓа, други сметаат дека решението нема да ги донесе очекуваните ефекти.
“Во рамките на Европската Унија познати се други механизми за зголемување на фискалната дисциплина и контрола врз државните трошења. Таков е на пример Законот за јавни финансии кој јасно ги дефинира нивоата на задолжување и динамиката на нивната отплата. Значи, воведувањето на фискалните правила треба да се спроведува или преку Закон за јавни финансии или преку формирање на Фискален совет“ - изјави за “Фактор“ Марјан Николов од Центарот за економски анализи.
Според експертите, едно од решенијата за контрола на задолжувањата и трошењата е Фискален совет.
“Фискалниот совет како тело веќе постои во некои земји од опкружувањето. Тој постои во Србија, функционираше и во Унгарија но таму постепено, со намалување на финасиите за негово одржување, тој се укина. Станува збор за институт во кој би членувале независни експерти од областа на јавните финансии. Тие би биле со неприкосновен кредибилитет, без политичка обоеност. Ова тело би било задолжено да го анализира предложениот Буџет а со тоа и прокециите на власта за задолжувањата.“ - објаснува Николов од Центарот за економски анализи.
Како втор инструмент за контрола на јавните финансии според економиситите е Монетраниот борд, модел кој функционира во Бугарија.
“Во Бугарија работи Монетарен борд, тело кое е задолжено за следење и контрола на состојбите во јавните финансии. Одлуките, односно оценките на ова тело се конечни и не се оспоруваат. Монетарниот борд е практично гаранција дека власта, без разлика која и да е, не може нетранспарентно и дискреционо да ги троши народните пари“ - објаснуваат експертите.
Познавачите на уставно право пак оценија дека предлогот за уставни измени во финанскиот сектор можат да бидат спорни од неколку аспекти. Сметаат дека ваквото решени за зголемување на фискалната дисциплина е избрзано и нема да даде ефекти.
“Уставни измени за финсискиот сектор, како што предлага владата не се вообичаена пракса во Европската унија. Транспарентноста и јакнењето на контролата на јавните финансии се постигнува со законски решенија. Ако се усвојат уставните измени се отвораат повеќе прашања, прво што ќе се случи доколку во земјата се случат немири поради социјални или економски причини а за нивно решавање ќе бидата потербни пари, односно задолжувања? Што доколку се случи војна во државата, нова економска криза која ќе треба да се амортизира со кредити, односно задолжувања? Сите овое сценарија ги ставаат под притисок можните усвани измени и опасноста од нивно натамошно менување“ - анализира за “Фактор“ еден од експертите по Уставно право, некогашен истакнат функционер во законодавната власт.
Уставните измени според најавите од Владата би се примениле при подготовката на Буџетот за 2017 година. А.Д.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката