Усвоено: 6.000 денари на картички добиваат пензионери, невработени, студенти - вкупно 280.000 луѓе
Објавено во: Економија 27 Септември, 2020 13:56
Владата ќе даде платежни картички Купувам домашно на 283.000 граѓани на државата во вкупна вредност од 27,6 милиони евра. По 6.000 денари на картичка ќе добијат пензионерите, граѓани од ранливи категории, студенти...
Премиерот Зоран Заев соопшти кои се мерките од четвртиот антикризен пакет, меѓу нив една е мерката за платежни картички.
„Овој пат платежни картички со износ од 6.000 денари ќе ги добијат 5.726 самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари, односно 182.271 наши сограѓани пензионери, невработените кои се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници, рече Заев.
Ваква картичка ќе добијат и 540 студенти кои не добиле во претходниот пакет, плус поддршка за ученички и студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици. Право на картичка ќе има и граѓаните кои навршиле возраст за пензионирање, ама немаат пензија ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
ТИТАН Усје: Во 2026 година продолжуваме со инвестиции во дигитализација и декарбонизација и очекуваме раст на продажбата
Најдобрите пензиски системи во светот – што покажува индексот и каде е Македонија
Комплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст
Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП
Екстра непотрошени 15 милиони евра од буџетот одат за „Бехтел и Енка“
СЕ УСЛОЖНУВА ПОСТАПКАТА ЗА КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ ОД ЕУ: Без овој документ не се надевајте да се подновите со ново возило
Германија е во шок, ова никогаш не се случило: Фолксваген ја затвора својата домашна фабрика за прв пат по 88 години
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година




