„УТРЕ Е ДОБРА МОЖНОСТ ВЛАДАТА ДА ПОКАЖЕ ДЕКА СЕ ГРИЖИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ“: ССМ ќе бара минимална плата од 500 евра
Објавено во: Финансии 29 Јули, 2025 11:32
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) го доби решението за репрезентативност и на утрешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) ќе го отвори прашањето за 500 евра минимална плата и за 6.000 денари дополнително зголемување на сите останати плати.
- Утре е добра можност Владата да покаже дека се грижи за работниците, а пратениците пред распишување на локалните избори да донесат брзи законски измени и да утврдат минимална плата од 500 евра - порача претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
Како што рече Трендафилов, синдикалната минимална кошничка што ја пресметува ССМ лани е зголемена за 6 500 денари, а оваа година само делот за храна и пијалаци од завршувањето на последната мерка пораснала за 2 000 денари или за 150 евра се зголемени трошоците за живот за едно четиричлено домаќинство.
Според него, не држат веќе изговорите на Владата дека работниците и работодавачите треба да седнат и да се договорат за зголемување на минималната плата.
Повикувајќи се на Евростат, Трендафилов нагласи дека 55,7 отсто од работниците и граѓаните во земјава не можат да си дозволат годишен одмор ниту седум дена во бунгалов во Дојран и тоа, рече, треба да ги загрижи креаторите на политики те.
Минималната плата од 400 евра во Македонија, рече Трендафилов, е пониска од онаа во Србија, Црна Гора, БИХ, Словенија и Хрватска.
- Владите во регионот им даваат поддршка на работниците, тоа треба да го направи и Владата во Македонија - порача Трендафилов.
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




