Утре годишно собрание на движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – Браво сине!
Објавено во: Мои пари 12 Мај, 2015 12:59
Креативноста, особено на младите, ја заслужува поддршката на сите во нашето општество. Поттикнати од оваа основна идеја и од работата и животот на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија - Иво Лауренчиќ, пред точно една година група ентузијасти го основа Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – Браво сине!
Ни претставува особено задоволство да ве поканиме на првото Годишно собрание на Движењето, на кое ќе ги сумираме ефектите од поддршката на младите креативци во Македонија во изминатата прва година од работењето.
Настанот ќе се одржи утре (среда), 13. мај 2015 во М6 – Едукативен центар, со почеток во 12:00 часот. Мисијата на Движењето е да ги поттикне и поддржи талентот и креативноста кај младите во функција на создавање силни национални брендови.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




