Утре ќе се крои судбината на уставните измени
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2018
Собранието попладнево ја заврши расправата по Предлогот за пристапување кон уставните измени и новото продолжение го закажа за утре во 11 часот.
Во расправата власта и опозицијата имаа спротиставени ставови. Опозицијата смета дека Договорот од Преспа е штетен, а парламентарното мнозинство повика на одговорност и заедништво при донесувањето на историски одлуки. Велат дека подобар договор од овој не може да има и дека ако тој се отфрли, тогаш државата ќе биде изолирана.