08 Октомври, 2024
0.0312

УТРИНСКИ ФОКУС: Се чествува Илинден - Кочан конечно одведен во Идризово

Објавено во: Македонија 02 Август, 2019

Добивај вести на Viber

* ДЕНЕС Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Свети пророк Илија - Илинден

Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици.   Пророк кој пали и гаси на небото и земјата.

Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо...

* (ВИДЕО) Николовски: Нека е честит и вековит 2 Август, Денот на републиката

Преку видео порака, генералниот секретар на владејачката партија СДСМ, го честиташе денешниот празник, Ден на републиката, 2 Август.

Николовски во честитката, вели дека како партија ќе останат силно посветени на нивните клучни цели, членството во НАТО и ЕУ, и во градењето на едно општество за сите граѓани.

* Сеад Кочан конечно одведен во Идризово

Синоќа пред полноќ заврши затворската сага со Сеад Кочан и бизнисменот конечно е одведен во Идризово на издржување на правосилната казна од четири години и осум месеци за манипулации со тендер од 17 милиони евра за ископ на јаглен во РЕК Битола.

Скопскиот затвор ја потврди оваа информација за Телма, а таму е доведен директно од приватната болница од каде што сопственикот на „Трансмет“ по трет пат преку барање до судот се обиде да го одложи издржувањето на казната за случајот „Труст“ на СЈО.

* (ФОТО) Сообраќајка меѓу три возила на автопатот Тетово - Гостивар

Од Авто мото сојузот на Македонија информираа дека се пренасочува сообраќајот на автопатот Тетово-Гостива, возилата се пренасочуваат од 07:20 часот утрово, по регионалнот пат од петла Богоциње кон петла Пирок.

Според социјалната група„Ѕид на сообраќајниот срам“ и коментарите на граѓани кои патуваат по овој пат, сообраќајот бил заглавен, поради сообраќајна незгода која се случила меѓу три возила, после третата наплатна рампа.

* АМСМ: Се пренасочува сообраќајот на автопатот Тетово-Гостивар

Авто мото сојузот на Македонија ги информира граѓаните дека од 07:20 часот утрово, сообраќајот на автопатот Тетово-Гостивар се пренасочува по регионалнот пат од петла Богоциње кон петла Пирок.

Неофицијално, поради сообраќајна незгода, се пренасочуваат возилата.

* САД и Русија единствени-договорот во историја

Договорот за ракетите од среден и краток дострел денес треба да замине во историјата. Договорот беше потпишан во средината на деветтата декада од минатиот век од страна на двајцата лидери на тогаш моќните САД и СССР, РоналдРеган и Михаил Горбачов.

Нема многу да се погреши ако се каже дека прекинот на важноста на договорот е на задоволство на САД и на главниот наследник на СССР – Русија. Договорот се распаѓаше долго време. Незадоволство имаше на двете страни. Повеќе незадоволни беа Русите. Од нејзини претставници тој беше нарекуван дека е реликвија од „Студената војна“. И дека е поштетен за Русија отколку за САД. Исто така дека Американците џабе го поткопуваат, затоа што ќе има последици за обата учесници во него, но и пошироко.

* ДАЈТЕ ДРУГИ „ДЕЦА “

Последната  изјава на претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, дека  најбитно  од се е  „ политичките партии, да ги усогласат своите ставови околу носењето на законите“, уште еднаш ја докажува беспредметноста на постоењто на македонскиот законодавен дом. Чуму ни е „ храмот на демократијата“, кога во него  нашите народни избраници се претворени во кукли на конци, управувани од  далечински управувач од  централата на матичните партии.  За споредба, во лулката на демократијата, имено во британскиот парламент, неколку пати, пратениците од  конзервативната партија на премиерката  Тереза Меј, упорно одбиваа и  го отфрлаа предлогот на својата лидерка и воедно премиерка за планот за Брегзитот на оваа земја.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл