Утрово измерени -21 степен во Македонија
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2017 08:35
Најстудено утрово е во Берово, каде се измерени -21 степен.
Студено беше и во Маврово со -17, Лазарополе -16, Крушево, Крива Паланка и Струмица – 14, -12 било во Куманово, -11 Скопје Петровец, Тетово, Дебар, Пожаране, -10 Виница и Штип, -9 Охрид, Ѓуриште, -8 Прилеп, Демир Капија, Тополчани и Скопје, -7 Битола, Претор, -6 Гевгелија, -4 степени во Дојран.
Дебела снежна покривка има на повеќе места во земјава.
Таа во Маврово изнесува 71 сантиметар, 48 во Лазарополе и Пожаране, 46 во Ѓуриште, 30 во Крушево..
Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала облачност, поизразена на југот од земјата. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Температурата ќе се движи од -2 до 5 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб претежно северен ветер. Температурата ќе се искачи до два степени.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, додека дневните ќе бидат за 2 до 5 степени повисоки. Од недела и условите за појава на магла по котлините ќе се зголемат, а ќе се зголеми и облачноста поради што од понеделник утринските температури ќе се покачат.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




