22 Ноември, 2024
0.0448

Утврдена динамиката за почеток на предавањата по македонски јазик на Универзитетот во Тирана

Објавено во: Македонија 21 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Во просториите на Деканатот на Факултетот за странски јазици во Тирана се одржа подготвителен состанок со деканката проф. д-р Есмералда Кромида и продеканката проф. д-р Дрита Рира, одговорна за меѓународна соработка и проф. д-р Весна Мојсова - Чипушевска и амбасадорот Данчо Марковски, информираа од македонската амбасада во Тирана.

- Професорката  Мојсова – Чипушевска ја презентираше програмата на Филолошкиот факултет и во таа насока начинот на организирањето на лекторатите по македонски јазик. Информираше дека се преземени неопходните активности за избор на лектор, стои во објавата.

Исто така  го потенцираше значењето на Меѓународниот семинар по македонски јазик кој постои 56 години и  изрази подготвеност за прифаќање на учесници на истиот во текот на месец август.

Ја потенцираше нашата заинтересираност за почеток на предавањата за следната 2023/2024 учебна година, со цел постепено подигање на неопходните нивоа. 

- Деканката Кромида поздравувајќи ја иницијативата на амбасадорот Марковски истакна дека во следните недели очекуваат номинирање на кандидат – лектор со цел итна изработка на неопходниот курикулум и другите документи неопходни за организирање настава. Потенцираше дека Факултетот од своја страна ќе преземе активности за популаризација на македонскиот јазик меѓу студентите и негово поставување во програмата на распоредот на предметите, наведуваат од амбасадата.

За почеток таа предложила во првиот семестар утврдување на 4 кредити, а согласно развојот на интересот ќе се зголемува програмата со вклучување на македонски јазик и култура. Потенцирала дека со иницијативата е запознаен и ректорот на Универзитетот. 

На средбата биле разгледани и други прашања и иницијативи од взаемен интерес


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска