В ПОНЕДЕЛНИК ПОРОЕН ДОЖД И ВЕТЕР, ЗАВРШУВА ЛИ ВО АВГУСТ ЛЕТОТО? Утринската температура некаде само 7 степени
Објавено во: Македонија 29 Јули, 2023
Метеоролозите за
в понеделник најавуваат нестабилност, дождови и засилен ветер.
-На самиот почеток од следната седмица, во регионот повторно се очекуваат нови временски непогоди и опасно време, а во почетокот од август од Арктикот кон европа би можело да се спушти нов студен бран и со себе да донесе интензивни врнежи од снег во Алскиот регион, но и големо невреме на Балканот – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
За денеска е најавено дека времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. UV=9
-Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени. И во утре ќе се задржи стабилно и топло време со пониски утрински температури. Во понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во деновите потоа ќе има повторно стабилизирање на времето, велат од УХМР.
ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.