19 Декември, 2025
0.0546

ВАЈЦ ЗА БГНЕС: Јас сум пријател на Бугарија, не знам дали Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2025 18:08

Добивај вести на Viber

Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ со спроведување на промените од Преговарачката рамка. Јас сум пријател на Бугарија, изјавил во интервју за БГНЕС известувачот на ЕП за Северна Македонија, Томас Вајц. Денес Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) гласаше „за“ неговиот извештај.

На прашањето дали мисли дека сегашната влада на Северна Македонија навистина сака да ги спроведе измените што се бараат со Преговарачката рамка за да стане членка на ЕУ Вајц одговори:

„Не знам. Она што знам е дека огромното мнозинство во ЕП сака да ја поддржи Северна Македонија и целиот регион за подобар економски, политички и социјален развој. И јас се обидувам да го поддржам процесот на пристапување на сите шест земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија.“

На прашањето дали Мицкоски „спровел организирана кампања во Брисел“ за да влијае врз документот, Вајц одговорил дека ја работи својата работа врз основа на фактите и  што е можно пообјективно.

„Мојата единствена задача е да анализирам каде се наоѓа земјата во однос на европското право, владеењето на правото, независноста на судскиот систем, медиумите… И токму тоа го направив во овој документ“, рекол Вајц.

Околу дилемата пак со која се занимаваат бугарските медиуми и политичари – дали ЕП и АФЕТ имаат надлежност да го валидираат јазикот и идентитетот Вајц повторно одговорил индиректно.

„Овој документ е за состојбата на процесот на пристапување. Да, дел од овие вредности е правилното вклучување на малцинствата. Во овој случај, имаше многу дебати за вклучување на бугарската заедница, што е одразено во текстот. Но, освен тоа, како што веќе реков, се поставува прашање на државата за владеење на правото – ова е процес базиран на заслуги, а билатералните прашања мора да се решаваат меѓу самите страни.“

На забелешката дали ова сепак е билатерално прашање или прашање на целата ЕУ бидејќи Преговарачката рамка била прифатена од земјите членки, Вајц рече дека во сегашната геостратешка реалност Европјаните треба да бидат обединети и да дадат приоритет на она што ги обединува.

Вајц рекол дека не бил под влијание на македонскиот премиер Христијан Мицкоски ниту на други европратеници во однос на Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината