19 Декември, 2025
0.3380

Вака министерот Димитров ја коментира оставката на колегата Коѕијас

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2018 11:21

Добивај вести на Viber

Грчката влада ја доби првата жртва од Преспанскиот договор. Ни помалку ни повеќе се работи за сега веќе поранешниот министер за надворешни работи Никос Коѕијас кој го стави потписот на договорот во Преспа.

Ципрас без „бунт“ ја прифати неговатра оставка, а македонскиот министер и колега на Коѕијас му посака добро здравје и успех во сите идни предизвици. 

„Предводени од премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, со министерот за надворешни работи Коѕијас имавме интензивни месеци на комуникација, станавме вистински пријатели и во период од една година успеавме да направиме нешто кое во претходните 27 години се сметаше за невозможно -  ги приближивме нашите две земји и го склучивме историскиот договор од Преспа, градејќи мост на пријателство и докажувајќи дека и нашиот регион може да решава спорови и да создава иднина. Никос, од срце ти посакувам добро здравје и успех во сите идни предизвици“, соопшти МНР. 

„Од наша страна, ние ќе продолжиме со силна посветеност кон заокружување на ова историско решение, заедно со останатите прогресивни и демократски сили во Скопје и Атина“, завршува коментарот на министерот Димитров.

Благодарност до Коѕијас и од Стејт Департментот

Стејт департментот му заблагодари на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас кој вчера даде оставка, за подобрувањето на грчко-американските односи, како и за неговата улога при постигнувањето на историскиот договор за името со Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на соопштение.

Поддршка за договорот помеѓу Атина и Скопје дал и претставник од Стејт департментот кој за грчката државна новинска агенција „АНА-МПА“ истакнал дека САД поддржуваат целосна имплементација на договорот, што ќе и овозможи на Македонија да го добие нејзиното место во НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија.

„Додека во македонскиот парламент продолжува разгледувањето на уставните измени, ние ги повикуваме лидерите да се ослободат од партиските интереси, да ја искористат можноста и да обезбедат посветла иднина за својата земја“, додава тој.


Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица