Вакцината од Оксфорд ја помина првата фаза
Објавено во: Свет, Корона Вирус 20 Јули, 2020
Вакцината против коронаворусот што ја разви Универзитетот во Оксфорд е сигурна и на вистински начин го развива имуниот систем против Ковид-19.
Премиерот Борис Џонсон ги поздрави резултатите, објавија светските медиуми.
Првата фаза во која учествуваа 1.077 луѓе покажа дека вакцината довела до развој на антитела и бели крвни зрнца, кои успешно се борат притов инфекцијата SARS-CoV-2.
Наодите се ветувачки, но се уште е прерано да се знае дали тоа е доволна заштита и во тек се понатамошни испитувања.
Велика Британија веќе порача 100 милиони дози на оваа вакцина.
фото АП
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.