19 Декември, 2025
0.0516

ВАКЦИНАТА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП НЕ ШТИТИ ОД КОВИД, АМА Е МНОГУ ЗНАЧАЈНА - од денеска започнува пријавувањето

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2021 09:49

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство и оваа година набави 40.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип за следните ризични групи, јавуваат од Министерството. 

Ќе бидат вакцинирани стари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, децата на возраст од шест месеци до пет години.

Веќе трета година по ред вакцината за овие групи граѓани е бесплатна.

Поради зголемената побарувачка на вакцини против грип на глобално ниво, се прават напори количините на вакцини да пристигнат во што побрз рок.

Нагласуваме дека не е доцна, граѓаните да се вакцинираат против грип во ноември или декември, бидејќи согласно епидемиолошките податоци, оваа болест во последните десетина сезони го достигнува пикот кон крајот на месец февруари.

Пријавувањето за вакцинација против сезонски грип ќе започне од денеска преку страницата vakcinacija.mk

Со пополнување на формата се регистрирате за вакцинација директно во системот Мој Термин.

Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, по пат на смс ќе добиете информација за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата.

Вакциницијата против грип не штити од Ковид 19, но истата е многу значајна во услови на пандемија со Ковид 19 и влијанието на здравствениот систем.

Во состојба на олабавување на рестриктивните мерки кога се враќаат социјалните контакти и патувањата, се зголемува ризикот од ко-циркулација на Ковид 19 и грип. Со тоа може да очекуваме оптоварувањето од сезонскиот грип да биде надополнето со оптоварувањето од Ковид 19.

Ризичните групи за грип, се истите кои се под најголем ризик и од Ковид 19, поради што се препорачува вакцинација против грип на истите. На тој начин ќе се избегне и дополнително оптоварување на здравствениот систем, бидејќи лицата заболени од грип би се хоспитализирале во ковид центрите.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината