Вардар и МЗТ го добија новиот спортски комплекс
Објавено во: Мои пари 27 Август, 2014 19:22
Денеска официјално со свечена церемонија беше отворен новиот Спортски центар „Јане Сандански“, на локацијата на поранешната сала на МЗТ.
Инвестицијата во мултифункционалениот спортски комплекс во чиј состав е изграден и хотел „Русија“, изнесува 15 милиони евра, а ја реализира рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко преку јавно-приватно партнерство со Општина Аердором.
На отварањето на централната сала со капацитет од 6.500 посетители и на хотелот присуствуваа премиерот Никола Груевски, инвеститорот Самсоненко, градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, генералниот менаџер на Спортскиот центар Надица Димовска и гереналниот менаџер на хотелот „Русија“ Дина Муцунска. Инвестицијата е вредна 15 милиони евра. Од безбедносен аспект оваа сала е најмодерната во Македонија.
Покрај арената во СЦ „Јане сандански“ отворени се и помошна спортска сала за кошарка и ракомет со капацитет од 1.000 посетители, како и конгресен центар. Дел од комплексот треба да бидат и тениски игралишта, фитнес и аеробик центар.
Хотелот „Русија“ располага со 61 соба и апартмани, од кои еден претседателски апартман, шест „супериор“, 28 еднокреветни соби, 12 „твин“ и 14 „дабл“ соби. Хотелот ќе содржи спа центар и руф бар.
[gallery] (ФОТО: порта3.мк)Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




