Вардар кај Велешко нормализиран, ама кај гевгелиско-валандовскиот регион се излеа
Објавено во: Мои пари 08 Февруари, 2015 18:37
Велешани денеска може да здивнат од опасностите кои ги носи Варадар во споредба со вчерашниот ден кога нивото на водостојот беше еден метар повисок од денеска .
Водата се врати во речното корито во населбите Речани и Шорка.
Под мостот во Башино село се одвива сообраќајот од вчеравечер или по неколку часа откако беше воведена забраната, велат од подрачното одделение на Дирекцијата за кризи и спасување.
Но, проблеми денеска Вардар предизвика во гевгелиско-валандовскиот регион поради излевање, и сообраќајот на патниот правец Р1401 Струмица – Гевгелија е во прекин кај клучката Марвинци (подвозникот).
Патниот правец Битола-Старавина Р-1311, 8 км. пред село Новаци затворен е за сообраќај поради висок водостој. Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трботивиште - Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница.
Полека во речнотот корито се враќа излеаната вода и во централниот градски парк во Велес, кај Железен мост, пред бирото за вработување и мостот „Гемиџии“ како и кај Мало мовче и Стар мост. Поплавниот бран зад себе остави десетици поплавени градини со ран зеленчук, овоштарници и десеттина куќи во населбите Речани, Шорка и две кај Башино село.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




