ВАРХЕЈИ: Ќе се одржат меѓувладини конференции со Србија, со Албанија и можеби со Северна Македонија
Објавено во: Македонија 09 Септември, 2024
Идниот месец ќе има меѓувладини конференции со северниот и западниот сосед, а можеби и со Македонија.
Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека во октомври ќе се одржат меѓувладини конференции со Србија, со Албанија и можеби со Северна Македонија.
На конференцијата за Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) и Заедничката безбедносна и одбранбена политика (ЗБП) во Будимпешта, Вархеји додаде дека ЕУ треба да ги продолжи преговорите со Србија и да го отвори Кластерот 3, кој се однесува на конкурентност и инклузивен раст. Воедно тој ги повика Белград и Приштина да напредуваат во дијалогот кој се води под посредство на ЕУ.
„Потребен е конструктивен пристап, а еднострани потези кои создаваат тензии мора да се избегнуваат“, рече Вархеји.
Комесарот на ЕУ за соседство и проширување изрази надеж и за понатамошни чекори за подобрување на односите ЕУ-Турција, велејќи дека Брисел сака „враќање на енергијата“ во билатералните врски со Турција.
Македонија треба да направи уставни измени за да продолжи по европскиот пат. Претходно се споменуваше и дека е можно Македонија и Албанија да бидат раздвоени на патот кон ЕУ. Прво Франција, а потоа и Бугарија го блокираше почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ.
фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.