Варуфакис: Грција нема да соработува со ЕУ и ММФ
Објавено во: Балкан 30 Јануари, 2015 18:04
Грчката влада нема да сорабитува со Европската унија и мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, ниту ќе бара продолжување на програмата на финансиска помош, изјави денеска грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, после состанокот со претседателот на Еврогрупата Јерун Дајселблум во Атина.
„Оваа платформа ни овозможува да ја добиеме довербата на грчкиот народ. Нашиот прв потег како влада нема да биде да ги отфрлиме причините за преиспитување на овој програм прифаќајки го неговото продолжување“, порачал Варуфакис, пренесува Гардијан.
Варуфакис вели дека му пружил доверба на Дајселблум дека официјлана Атина планира спроведување на реформи кои економијата на Грција би ја направиле конкурентна и кои би допринеле на врамнотежување на буџетот, но и дека нема да ја прифатат дефлаторната криза и неодржливиот долг.
Дајселблум од своја страна на новинарите им рекол дека во Атина дошол како би разговарал со новата грчка влада за тоа што двете страни треба да превземат пред истекувањето на програмот за помош на 28 февруари.
Европскиот политичар ја повикал грчката влада да ги почитува условите на постоечкиот аранжман помеѓу Грција и еврозоната, апелирајќи да не превземаат еднострани чекори бидејќи е важно да не се загрози напредокот кој Грција досега го остварила.
Дајселблум навел дека продолжувањето на пружањето европска помош зависи од грчкото почитување на обврските, како и дека на Атина останува да одлучи за својата позиција.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




