Варуфакис: Јас го давам тонот на преговорите
Објавено во: Балкан 29 Април, 2015 18:14
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјави дека сеуште е одговорен за грчкиот тим кој ги води преговорите со меѓународните кредитори, независно од неодамнешните пораки за неговото отстранување.
„Да, јас го давам тонот . Сеуште сум одговорен за преговорите со еврогрупата“, рече Варуфакис во интервју за германското издание „Ди Цајт“.
„Јас сум поддржан од различни владини членови, вклучувајќи го и мојот добар пријател Евклид Цакалотос. Фактот дека некои медиуми ги презентираат работите така дека тој ме заменил само докажува колку ниско потонале новинарските стандарди“, рече уште тој.
Во понеделникот грчкиот премиер Алексис Ципрас, објави дека ќе има промени во тимот, кој води ги преговорите, и како ќе биде создаден „политички тим за преговори“, кој ќе биде под водство на заменик-министерот за надворешни работи на земјата Евклид Цакалотос.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




