16 Декември, 2025
0.0368

Варуфакис: Може да останеме без пари уште 2 недели

Објавено во: Балкан, Економија 12 Мај, 2015 10:29

Добивај вести на Viber

Грција доби поддршка од еврозоната за напредокот во преговорите, но и предупредување дека Атина ќе се соочи со криза, ако за две недели не биде постигнат договор.

Владата на Атина собрала доволно пари за да ја изврши исплатата кон ММФ во износ од 750 милиони евра и да избегне банкрот, кој би можел да го ослаби еврото. Но министрите за финансии од еврозоната предупредија дека облаците над Грција нема да исчезнат, додека земјата не ги изврши клучните реформи.

„Го поздравуваме напредокот што е постигнат досега. Во исто време признаваме дека е потребно повеќе време и напор за да се надминат преостанатите отворени прашања“, се вели во соопштението на Еврогрупата по крајот на средбата во Брисел вчера.

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис призна дека Атина се соочува со непосредна криза. „Прашањето со ликвидноста е ужасно итен. Тоа е општо познато, нека не го заобиколуваат“, изјавил поранешниот професор по економија, Варуфакис. Тој посочи дека од гледна точка на времето станува збор за „следните неколку недели“.

Според него кризата ќе дојде, ако за две недели неговата земја не добие итна транша од спасувачката програма во вкупен износ од 240 милијарди евра. Тој одби да го коментира предлогот на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле за референдум во врска со реформите.

„Тоа е инструмент на располагање на грчката влада, но во моментов не е на дневен ред“, изјави Варуфакис.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата