Варуфакис порача: Не сакаме нови кредити!
Објавено во: Балкан 16 Февруари, 2015 18:40
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјавил дека неговата влада не бара да биде ослободена од обврската на враќање на долгот, ниту и се потребни нови позајмувања, туку сака неколку месеци финансиска стабилност.
Варуфакис во авторскиот текст за „Њујорк тајмс“ рекол дека Грција не треба да зема нови позајмици се додека не изнајде кредибилен план за постигнување на економскиот раст.
-Бараме неколку месеци финансиска стаблиност, што би ни овозможило да се впуштиме во задача на спроведување на реформи кои широката граѓанска популација може да ги превземе и прифати , за да го обновиме економскиот раст и да ја завршиме невозможноста да го плаќаме долгот - напишал грчкиот министер.
Тој додал дека не им требаат нови кредити додека не состават план за економски раст и отплата на долгот, помош на средната класа и повторно да застанат на своите нозе и додека не се реши големата хуманитарна криза.
Варуфакис повеќе пати повтори дека сака договор со еврозоната, но јасно ставил до знаење дека нема да отскокнува од конфронтацијата.
-Подготвени сме да се судриме со големите интереси за да повторно ја покренеме Грција и да ја добиеме довербата на своите партнери. Одлучни сме да не не третираат како должничка колонија која мора да плати - заклучил грчкиот министер.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




