ВАЖНА ВЕСТ ОД ЦЕНТРАЛАТА, БАНКИТЕ СЕ ПОЛНИ СО ПАРИ - само граѓанското штедење достигна 6 милијарди евра, но има многу и од фирмите
Објавено во: Финансии 23 Август, 2024 08:20
Важна вест стигна од Народна банка на Македонија. А таа е дека нашите банки се полни со граѓански заштеди, кои веќе „опасно“ се доближуваат до шест милијарди евра.
Најновиот податок е за јули оваа година, и тој покажува дека вкупните депозити кои во моментов се чуваат во домашните банки, изнесува близу 9 милијарди евра, или прецизно 8,89 милијарди.
Ова се вкупните депозити, каде влегуваат и парите на граѓаните, односно граѓанското штедење, но и депозитите кои во банките ги чуваат фирмите и кои им се потребни за нивното работење.
Но, она што нас не интересира се заштедите на домаќинствата, кои се всушност главниот извор на кредитирање на банките, но и главната движечка сила на економијата.
А, тој податок за крајот на јули говори дека граѓанските заштеди се дури 5,97 милијарди евра. Толку пари чуваат македонските домаќинства во домашните банки.
Во однос на само еден месец тоа е раст за 43 милиони евра, што значи дека Македонците само во јули внеле во банките нови 43 милиони евра во форма на нивни заштеди. Колку год граѓанското штедење да не се смета за атрактивно, по се изгледа дека останува инвестициски столб број еден на домашното граѓанство.
Она што радува во последниот период е и фактот што и натаму продолжуваат да растат заштедите во денари, кои ги претркаа депозитите во странска валута.
Односно, во денари граѓаните сега штедат 3,04 милијарди евра, што говори дека прв пат тој тип на штедење ја надмина психолошката граница од три милијарди евра. Во однос на претходниот месец, пак, тоа е зголемување за близу 39 милиони евра.
Додека, пак, во странска валута, чии каматни стапки се значајно пониски, граѓаните на крајот на јули чуваат 2,93 милијарди евра, што е раст за околу пет милиони евра во однос на претходниот месец.
„Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 7,3 отсто, во поголем дел поради растот на депозитите на секторот домаќинства, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор“, се вели во соопштението од централната банка.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





