ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Објавено во: Економија 21 Мај, 2024 14:35
Многу битна вест денеска преку Берзата стигна до акционерите на успешната хотелиерска компанија „Македонијатурист“.
Имено, тоа акционерско друштво стартува со исплата на дивиденда за своите акционери, па затоа и се бара, сите кои ги немаат доставено податоците, тоа да го сторат во што побрз рок.
„‚Македонијатурист' АД Скопје ги известува сите акционери иматели на обични акции дека согласно Одлуката од 17 април 2024 година донесена на Годишното Собрание на акционери, ќе почне да врши исплата на дивиденда за 2023 година. Се повикуваат сите акционери со право на дивиденда за 2023 година, кои ги немаат доставено своите податоци и трансакциски сметки потребни за исплата на дивиденда, нив да ги достават на следниот начин: по електронска пошта на адресата: maktur@makedonijaturist.com.mk или по пошта на адресата: Македонијатурист АД Скопје, ул.Филип Втори Македонски бр.5, 1000 - Скопје“, се вели во објавата од компанијата на Берзата.
Како што веќе пишуваше Фактор, „Македонијатурист“ е една од најредовните компании во исплата на дивиденда, а годинава на своите акционери компанијата ќе им подели 1,32 милиони евра бруто дивиденда. Нето дивидендата по акција изнесува 3 евра за акција и во споредба со лани е зголемена за речиси 50 отсто. Оваа компанија лани додели 120 денари дивиденда за акција.
Исто така, веќе пишувавме и дека, откако пред нешто повеќе од еден месец, преку берзанска блок трансакција беа продадени акции за над два милиони евра на хотелиерската компанија „Македонијатурист“, во петокот минатата недела повторно се случи голем акционерски трансфер. Имено, Берзата објави две блок трансакции со акции на „Македонијатурист“, кои исто така се на прилично значајни суми, и тоа првата на близу 717 илјади евра, а втората рамно на 150 илјади евра. Во првата блок трансакција се продадоа 7.167 акции на ова акционерско друштво, по цена од 6.150 денари за акција, со што вкупната вредност на зделката беше 716.700 евра. Додека, пак на втората трансакција поминаа 1.500 акции, по истата цена, што направи овој блок вкупно да тежи 150.000 евра.
Иако тоа се очекуваше, вчерашниот понеделник не донесе одговор на прашањето кој во петокот, но и пред еден месец, купи поголема количина акции од „Македонијатурист“. Вчерашната состојба на Централниот депозитар за хартии од вредност, која е рефреширана, што значи дека во себе ги содржи сите промени во акционерската структура кои се направени во минатата недела, повторно дава иста состојба за „Македонијатурист“. Односно, во таа хотелиерска компанија повторно има само тројца сопственици кои имаат над пет отсто од акциите, и тоа тие ги поседуваат истите проценти акции како и во петокот минатата недела, пред да се вкалкулираат и пакетите од блок трансакциите.
Имено, и натаму најголем акционер во „Македонијатурист“ останува Доне Таневски, актулен претседател на Надзорниот одбор на компанијата и нејзин долгогодишен директор, кој, и во петокот, а и денеска, располага со истата количина акции, односно 19,59 отсто од акциите со право на глас. Втор по големина акционер, исто како и претходно, и денеска е Соња Бибановска, која исто така беше долгогодишна директорка, а поседува 11,27 отсто од акциите. И, трет акционер, кој и вчера остана со истиот процент акции, е задолжителниот пензиски фонд со кој управува „Сава пензиско друштво“, со 8,8 отсто од акциите.
„Македонијатурист“ има нешто повеќе од 600 акционери од кои најбројни се домашните физички лица.
Сите овие акционери ќе добијат дивиденда согласно со процентот на своите акции кој го поседуваат во тоа акционерско друштво.
Н.Н.Ф.Можеби ќе ве интересира
БРИТАНЦИТЕ ОТВАРААТ ТАЈНИ ПОГОНИ: Развиле нови методи за производство на експлозиви, воената индустрија ја презема работата во свои раце

КРАЈ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ АВТОМОБИСКИТЕ ЏИНОВИ: Мерцедес брише два модели, ги прекина сите врски со Рено

„НЕ НИ Е ГРИЖА ОД КАДЕ Е КОМПАНИЈАТА“: Фон Дер Лајен ги предупреди Мета, Икс и ТикТок

СТИГНА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД КИНА: Земјите да не склучуваат трговски договори со САД на нејзина сметка! „Остро ќе се спротивставиме“

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА ВО СВЕТОТ НА БИЗНИСОТ, ЗАМИНУВА КЛУЧНАТА ФИГУРА НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ: Клаус Шваб поднесе оставка

ГЕРМАНИЈА ПОГОДЕНА ОД НЕВЕРОЈАТНО ПОСКАПУВАЊЕ: Еве што поскапи најмногу

ВОЛВО ОТПУШТИ 800 ЛУЃЕ ВО АМЕРИКА: „Жалиме што моравме да ја преземеме оваа акција“

ПРЕДВЕЛИГДЕНСКО „ЧЕШЛАЊЕ“ НА МАРКЕТИТЕ: Еве што открива Агенцијата за храна и ветеринарство

ГОЛЕМА ПОБУНА ВО ГЕРМАНИЈА ЗА НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД БАЛКАН: „Без нас ве нема и вас“
