ВАЖНА ВЕСТ ЗА СКЕНИРАЧИТЕ НА ФИСКАЛНИ, ОСОБЕНО ЗА ПОБОГАТИТЕ - прагот за поврат преку МојДДВ се зголемува на 2.100 денари
Објавено во: Финансии 20 Март, 2023 19:38
Повратот на ДДВ за скенирачите на фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ се зголемува од 1.800 на 2.100 денари за еден квартал.
Пратениците попладнево ги изгласаа законските измени со кои се зголемува лимитот, а веста ја сподели и директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска
Пратениците дадоа зелено светло за измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физичките лица. Со оваа измена се овозможува зголемување на прагот на поврат на дел од ДДВ-то од 1 800 на 2 100 денари за едно тримесечје. Првите зголемени суми, корисниците на апликацијата ’Мој ДДВ‘ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки во периодот јануари – март 2023 година“, наведе Лукаревска.
Законските измени за зголемување на лимитот поминаа на седница на Влада на крајот на декември лани, но беа заглавени во Собранието.
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




