19 Декември, 2025
0.5543

ВАЖНИ СЕ ЛУЃЕТО И СЕКОЈА НИВНА ПРИКАЗНА

Објавено во: Мои пари 22 Декември, 2022 10:48

Добивај вести на Viber

Халкбанк АД Скопје во рамките на својата општествена одговорност, годината што изминува, меѓу другото ја заокружува и со успешно реализирани активности во рамките на кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“, наменета пред сè за повозрасната популација.

Забавниот караван со игранки и кино проекции патуваше во Скопје, Битола и Неготино. Во рамките на активноста „На кино со баба и дедо“ која се реализира во соработка со Кинотеката, во Скопје беше прикажана антологиската македонска комедија „Мирно лето“, а во Битола современата семејна драма „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперковски.

За кинопроекциите имаше голем интерес и многу пофални зборови, како од повозрасните, така и од нивните деца и внуци кои ја сфатија пораката и времето за на кино го посветија на своите родители, баби и дедовци, постари роднини и пријатели.

-Во предновогодишниот период сакавме на повозрасните околу нас, па дури и нашите најблиски да им овозможиме малку релаксација и моменти за културен и активен социјален живот.  Токму затоа во оваа наша акција предвидовме филмски проекции, но и ретро-игранки на кои уживаа сите, без разлика на генерациската припадност. Насмевките и кај најмладите и кај највозрасните нѝ се доволен показател дека креираме нешто добро. Во година на економска неизвесност, не забораваме и дека важни се луѓето, важна е секоја нивна приказна – подвлече Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје, организатори на големата кампања.

По кинопроекциите, караванот продолжи со ретро-игранки во неколку домови за стари лица низ Македонија, каде што корисниците ги забавуваше доајенот на македонската фолк-естрада Блага Петреска, а тие испратија инспиративни совети за сите помлади луѓе.

 „Да ги слушнеме и гушнеме“ е почит кон повозрасните и потсетување за помладите дека генерациите кои нè пораснаа имаат уште многу што да кажат, а ние уште многу што да научиме од нив. За потребите на кампањата креирана е и специјална веб-страница www.cuvarinamudrosta.mk која е и еден вид трезор на совети и убави пораки од бројни видни личности, но и анонимни херои од нашето секојдневие. До крај на годината под слоганот „Да ги гушнеме и слушнеме“ ќе излезе и специјализирано списание со широка дистрибуција. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција