ВАЖНО ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА СТОПАНСКА БИТОЛА КОИ САКААТ ДА ГИ ПРОДАДАТ АКЦИИТЕ - писмената изјава за прифаќање може да се потпише во просториите на Комерцијална банка
Објавено во: Финансии 30 Август, 2024 10:14
Комерцијална банка објави многу значајна информација во врска со понудата за преземање на Стопанска банка Битола, а која се однесува на акционерите на таа банка, кои ќе сакаат да ги продадат своите акции и со тоа да заработат по 3.200 денари од акција.
Имено, од Комерцијална банка укажуваат на еден дел од проспектот кој се однесува на понудата за преземање на акциите, а според кој акционерите на Стопанска банка Битола можат писмената изјава за прифаќање на понудата да ја потпишат во просториите на банката, или во седиштето на улицата Васил Иљоски, или низ филијалите на оваа банка во земјава.
„Во врска со понудата за преземање на сите акции од Стопанска банка АД Битола од страна на Комерцијална банка АД Скопје, упатуваме на точка 5.2.1 од проспектот, каде помеѓу останатите детални податоци на процедурата за прифаќање на понудата согласно член 38 од Законот за преземање на акционерските друштва уредено e дека имателите на акции од Стопанска банка АД Битола може да ја потпишат писмената изјава за прифаќање на понудата во просториите на Комерцијална банка, со седиште на ул. Васил Иљоски бр. 3, како и во нејзините филијали низ Републиката. Писмената изјава може да се потпише во периодот од 26.08.2024 година до 22.09.2024 година, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот“, се вели во објавата од банката.
Како што веќе пишуваше Фактор, деновиве Комерцијална банка ја претстави понудата за купување на акциите, како и Проспектот за преземање на Стопанска банка Битола.А, откриваме уште неколку интересни детали од понудата.
Имено, пореземачот, а тоа е Комерцијална банка, се обврзува да ја купи секоја обична акција со право на глас издадена од СТБ, во согласност со пропишаните правила и објавените услови.
Преземачот се обврзува да ги откупи сите 390.977 обични акции со право на глас по цена од 3.200 денари по акција.
Утврдената цена е за 16,78 отсто повисока од просечната на тргување во последните 12 месеци пред известувањето на намерата за преземање. Просечната цена во тој период била 2.740,21 денар.
Преземачот на сметка во ЦДХВ уплати сопствени средства во иснос од 1.251.126.400 денари или 20,343 милиони евра.
Плаќањето на акционерите кои ќе ја прифатат понудата се врши со исплата на парични средства од страна на ЦДХВ, во рок од 8 дена од приемот на Решението на Комисијата за хартии од вредност, со кое се утврдува успешноста на понудата.
Дали ќе ја прифатат понудата акционерите на СТБ ќе треба да се изјаснат до 22 септември оваа година.
Понудата ќе се смета за успешна ако ја прифатат иматели на 261.956 обични акции, што е 67 отсто плус една акција.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





