ВЕ ИЗГОРЕА СО ПАРИ ЗА ЛЕЖАЛКИ ВО ГРЦИЈА? Нема веќе плаќање за нелегално поставени лежалки
Објавено во: Финансии 03 Август, 2023
Граѓанското движење за слободни плажи, кое започна од островот Парос, брзо се прошири и на други грчки острови и бара отстранување на нелегално поставените лежалки од бич баровите и поголем слободен простор за граѓаните, донесе владина одлука за интензивирање на контролите на плажите, но и отстранување од плажи на три бизниси на Парос, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерот за национална економија и финансии на Грција Костис Хаѕидакис издал наредба за интензивирање на инспекциите на плажите, или по службена должност или по претставки од граѓаните, за да се обезбеди почитување на одредбите предвидени со договорите за концесија и за прекршителите да се воведат пропишаните санкции.
Според надлежното Министерство за време на инспекциите спроведени од 21 до 24 јули на островот Парос, по поднесените претставки од граѓаните за две плажи, биле констатирани значителни прекршоци и веднаш биле издадени протоколи за отстранување на три бизниси од конкретните плажи.
Хаѕидакис истакна дека нивната цел е да се почитуваат законите и потпишаните договори за плажите доделени од државата.
-Оние кои не ја почитуваат содржината на соодветните договори нека знаат дека никого нема да поштедиме, порача министерот за национална економија и финансии на Грција.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.