Веб портал за продажба на традиционални производи – за да ги задржи младите во Штип и Свети Николе
Објавено во: Мои пари 28 Мај, 2014 13:30
Веб порталот handmades.com.mk, наменет за промоција на традиционалните производи и производители, е дел од проектот „Брендирање на руралните бизниси со цел задржување на младите во руралните области“, што се имплентираше во изминатите 9 месеци во микро-регионот Штип - Свети Николе.
Проектот е поддржан од страна на Агенцијата за млади и спорт и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) преку програмата за Поддршка на Социјално Претприемништво за Млади (Youth Social Entrepreneurship Support Programme). Проектот се имплементираше од страна на Здружението за развој, претприемништво и претприемачко учење „Марвел-АДЕЕЛ“, компанијата СИ комуникејшн од Скопје и Општина Свети Николе.
Главната цел на проектот е зголемување на бројот на претприемачки бизниси во микро-регионот Свети Николе-Штип преку идентификација на руралните традиционални бизниси со највисок потенцијал и нивно претворање во профитабилни компании. Развојот на руралните традиционални бизниси во претприемнички бизниси ќе им овозможи на младите луѓе од микро-регионот Свети Николе-Штип подобри и поголеми шанси за наоѓање на вистинската работа и продолжување на својот живот во нивната општина.
„Имплементацијата на овој проект е од огромно значење за Општина Свети Николе. Традиционалните производители од светиниколскиот регион конечно добија место каде можат да ги понудат своите рачно изработени производи. Канцеларијата за поддршка на рурални бизниси која како дел од овој проект беше отворена во Општина Свети Николе ќе биде местото каде овие традиционални производители ќе може да се обраќаат за помош. Искрено верувам дека имплементацијата на овој проект ги поттикна младите луѓе од овој регион својата егзистенција ја бараат во овие традиционални бизниси и да допринесат овој регион уште повеќе да се развие, а со тоа да се овозможи поголем просперитет на граѓаните“, изјави Зоран Тасев, градоначалник на општина Свети Николе.
Со активностите имплементирани како дел од овој проект директно се влијае на невработеноста кај младите, како еден од најголемите социјални проблеми во руралните области во рамките на микро-регионот Свети Николе-Штип. Втората цел на овој проект е намалување на економската стапка на миграција на младите луѓе во овој микро-регион и нивна преселба во поголемите градови во Македонија или заминување во странство.
„Успешната имплементација на овој проект ни докажа дека микро-регионот Свети Николе-Штип има претприемачки потенцијал. Проектот „Брендирање на руралните бизниси со цел задржување на младите во руралните области“ им овозможи на петнаесетина традиционални производители од микро регионот Свети Николе - Штип своите рачно изработени производи да ги претстават на многу поширок пазар од локалниот. Веб порталот handmades.com.mk кој како дел од овој проект беше развиен од проектниот тим им овозможува на учесниците на проектот, но и на сите други традиционални производители своите производи да ги промовираат и продаваат на глобално, светско ниво“, вели Благица Л’скова, координатор на проектот и Претседател на Марвел АДЕЕЛ.
Во рамките на проектните активности беа имплементирани неколку активности, вклучувајќи и организирани обуки од темите: маркетинг и промоција на мали, рурални бизниси; обуки од областа на е-маркетинг и промоција преку социјалните мрежи, обуки за продажни техники на традиционални производи; како и обуки за брендирање на традиционалните производи.
Директни учесници на обуките беа сопствениците на традиционалните бизниси од микро-регионот, членови на нивните потесни семејства - потенцијални наследници на нивните бизниси, како и млади невработени лица од овој микро регион.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година




