СТАВ САМИ БИСЛИМИ
Веќе не е прашање на денот дали ќе се задолжуваме, туку колку ќе се задолжуваме
Објавено во: Финансии 21 Септември, 2016 11:34
Владата догодина дефицитот ќе го покрива со издавање на нова еврообврзница. Со новиот Предлог- Буџет за 2017 година, буџетксиот минус кој е проектиран да изнесува 302,5 милиони евра , ќе се покрива со издвање на нова евробврзница на меѓународниот пазар, задолжувања кај домашните банки и кредити од меѓународни институции. Долгот неминовно ќе расте најмалку до нивото на буџетскиот дефицит, веќе не е прашање на денот дали ќе се задолжуваме, туку колку ќе се задолжуваме“, вели за Фактор универзитетскиот професор Сами Бислими, од Универзитетот ФОН.
„Буџетот претставува инструмент на фискалната политика, но и еден од најзначајните инструменти на макроекономската политика. Преку Буџетот се очекува реализација на фискалните цели, како и реализација на основните макроекономски цели. При проекцијата на макроекономските цели, треба да се води сметка за природата, карактерот, степенот на важност-приоритет, како и степенот на остварливост на целите. Од осамостојувањето до денес проектираме скоро исти цели, но секоја година потфрлуваме во нивната реализација, што значи дека, проектираните цели се повеќе личат на некаков список на желби, но не и на вредности кои што сме во состојба да ги реализираме. Таков е случајот и со Предлог-Буџетот за 2017 година. Имено, се предвидува раст на приходите и расходите на буџетот, но на која основа? Уште немаме податоци за третото тромесечје од тековната година. Со која веројатност се оперира дека, тековната 2016 година ќе ја завршиме со раст од 1,5%, 2 0% или 2,5 %, па на таа основа да се предвиди раст на бруто-домашниот производ во 2017 за цели 3,0 %? На кој дополнителен капацитет на домашната економија се смета при предвидување на растот на БДП од 3,0%? Како е можно да се очекува повисок раст на домашната потрошувачка при понизок раст на доходот? Од нивото на ефективниот БДП зависи и обемот на фискалните приходи, т.е. фискалниот капацитет, освен ако не се планира раст на фискалната пресија.Но, нема потреба од тревога, секоја година имаме најмалку еднаш ребаланс на Буџетот, така што, секое потфрлување во приходната страна во Буџетот ќе се промени, со цел да се постигне буџетска рамнотежа. Проектираниот буџетски дефицит ќе се покрие со ново задолжување. Долгот неминовно ќе расте најмалку до нивото на буџетскиот дефицит, оти, фискалниот капацитет на домашната економија, при постојното ниво на фискално оптеретување е недоволен за покривање проектираното ниво на буџетска потрошувачка. Веќе не е прашање на денот дали ќе се задолжуваме, туку колку ќе се задолжуваме“, вели универзитетскиот професор Сами Бислими.
Т.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





