ВЕЛИГДЕН: Православните верници ќе го слават Христовото воскресение дома
Објавено во: Македонија 14 Април, 2020 06:55
Македонските верници оваа година големиот христијански
празник, Велигден, ќе го прослават дома, поради долгиот полициски час, кој ќе
започне во 16.00 часот на Велики Петок и ќе трае до вторник до 05.00 часот.
Отец Сашко од Храмот „Свети Климент“ во Скопје за Фактор вели дека сите велигденски богослужби во чест на воскресението ќе бидат одржани внедела. Но, појаснува дека вратите на црквите ќе бидат отворени за верниците до кога не стапи на сила полицискиот час, односно до петок попладне. Сепак вели дека верниците што ќе дојдат во четврток и во петок да се помолат и да запалат свеќа во чест на Христовото воскресение, треба да се придржуваат на мерките за заштита.
Некои од духовните следбеници за
Фактор велат дека црквите ги посетуваат речиси секојдневно, но се придржуваат
до протоколите за заштита.

-Јас и денес бев во црква да се помолам за здравје. Но, држам растојание од другите верници, не бакнувам икони. Исто така, ако можам и во петок би одел, вели верникот Н.З. од Струмица.
Други, пак верници, велат дека оваа година христијанскиот празник целосно ќе го чествуваат дома. Нема да одат во црква ниту во четврток, ниту на Велики Петок.
-Секој празник одам на црква особено на големи празници. Со семејството редовно и в недела одиме и запалуваме свеќа и се помолуваме. Но откако е прогласена пандемија немаме излезено од дома без неодложна потреба. Ќерка ми која е 8 години од дома нема излезено од 11 март. За Велигден не планирам да одам в црква дома ќе запалам звеќа и ќе го пречекаме Велигден дома, ќе се кршиме со јајца и ќе го славиме бога и од дома, вели за Фактор, Н.М. од Скопје.
А, во светот, во голем број држави, вратите на црквите ќе останат целосно затворени. Во Романија ќе бидат суспендирани сите богослужби, а Романската православна црква предложи верниците да држат запалени свеќи на балконите и дворовите и да кажуваат молитви.
И Руската православна црква, уште во текот на вчерашниот ден им нареди на црквите да ги затворат вратите пред големиот христијански празник Велигден, што ќе се прослави внедела на 19. април. Властите најавија и ограничувања на велигденските црковни служби во и околу Москва со цел спречување на ширењето на Ковид-19.
https://faktor.mk/veligden-vo-rusija-vratite-na-crkvite-kje-ostanat-zatvoreni
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




