Венко Филипче кажа што може да се очекува за наставата во ноември
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Октомври, 2020
Во ноември можеби ќе дозволиме физичко присуство во школите и на други одделенија, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Филипче во гостувањето на Сител ТВ, најави дека во ноември може да се дозволи физичко присуство во училиштата и на други одделенија под услов епидемиолошката состојба да остане стабилна.
Тој вели целта е да се дозволи учениците да се вратат на училиште, но тоа мора се прави чекор по чекор.
„Сега на почетокот на октомври важно е да има што помал број на деца во затворена протсторија, а доколку епидемиолошката состојба остане стабилна тогаш во месец ноември ќе дозволиме уште некои одделенија да бидат со физичко присуство“, рече Филипче.
Како ќе се одрази почетокот на учебната година врз епидемиолошката состојба, се очекува да се види на крајот на октомври.
Во повеќе општини учениците се побунија против онлајн настава.
Вчера имаше 162 нови заразени, од кои најголем дел во главниот град.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.