17 Ноември, 2024
0.0465

Интервју: Николаос Веропулос, претседател на компанијата „Веропулос“

„Веро“ ќе остане меѓу фаворитите во групата 20 најуспешни компании во Македонија

По завршувањето на 2016 година нашите проценки се дека профитот од продажбата ќе изнесува повеќе од 113 милиони евра во нашите продавници во Македонија и во Србија каде што исто така сме присутни, вели Веропулос.

Објавено во: Економија 25 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

По речиси дваесетгодишно присуство во земјава, „Веро“ стана синоним за еден од најуспешните и најсилните малопродажни продажни синџири во трговијата на мало. Приказната која почна со отворањето на првиот супермаркет во скопската општина Аеродром од страна на тогаш непознатата грчка компанија „Веропулос“ за македонските граѓани, денес е заокружена со моќен и познат бренд кој континуирано низ годините остварува пораст и бележи позитивни финансиски резултати. За брендот „Веро“ и неговиот имиџ и значење во Македонија разговаравме со Николаос Веропулос, прв човек на компанијата „Веропулос“.   

Кога дојдовте во Македонија во далечната 1996 година, бевте меѓу првите странски инвеститори во земјава. Може ли да направите краток осврт како се развиваше компанијата „Веро“ оттогаш и до каде стигна денес? 

- Во 1996 година одлучив дека Македонија, особено Скопје, е многу интересно место за инвестирање. Во тој период Веропулос беше првата голема компанија во трговијата на мало која што влезе на македонскиот пазар. По отворањето на првиот Веро маркет во населбата Аеродром во Скопје во 1997 година, повеќе немаше враќање назад. Наш следен чекор беше отворањето на Веро во Карпош којшто во тоа време беше еден од најдобрите маркети во земјата, а и денес е меѓу најдобрите. Овој маркет е дизајниран и изграден со инспирација и стручност која што ги отсликува професионализмот и традицијата на нашата компанија во трговијата на мало уште од 1967 година. Секој следен маркет беше чекор понапред кој кулминираше со изградбата на Веро центар, кој промовираше нов начин на купување и нов стил на Веро супермаркет во координација со „Џамбо“. Резултатот е илјадници задоволни купувачи дневно.   

По речиси 20 години работење на македонскиот пазар, имате 10 супермаркети во три градови, еден трговски центар и франшиза за продавницата за играчки „Џамбо“ и за ресторанот за брза храна „Гудис“. За кој од овие бизниси може да се каже дека најуспешно функционира во земјава?

- Дефинитивно „Веро“ е најуспешен од сите бидејќи успехот исто така се мери и според времетраењето. „Џамбо“ исто така е многу успешен концепт, додека „Гудис“ сѐ уште треба да изоди долг пат, но се движи натаму.

Какви финансиски резултати остварува компанијата во изминатите години?

- Не сакам да ве заморувам со премногу бројки. По завршувањето на 2016 година нашите проценки се дека профитот од продажбата ќе изнесува повеќе од 113 милиони евра во нашите продавници во Македонија и во Србија каде што исто така сме присутни. За време на сите 12 месеци во 2016 година, повеќе од 12,8 милиони пати потрошувачите ќе купуваат во нашите продавници. Исто така, проценките се дека профитот ќе биде поголем споредено со 2015 година и нашите индикатори веќе го покажуваат тоа. Веро групацијата има многу солидна финансиска основа којашто ѝ е добро позната на банкарската индустрија во двете земји каде работиме. Токму поради ова, нашите снабдувачи ни веруваат и се многу задоволни што ги презентираат нивните прозводи во нашите маркети.  

Од далечната 2004 година, Веро постојано е во втората половина на листата на 20 најголеми и најуспешни компании во Македонија. Која е вашата зацртана цел за следните неколку години, на која позиција планирате да ја сместите компанијата? 

- Силно верувам дека „Веро“ може да постигне уште подобри резултати. Токму поради тоа во изминатите неколку месеци направив неколку организациски промени во менаџментот во двете земји каде што работиме. Ги подобрувам перформансите на компанијата со цел да држиме чекор со конкуренцијата во годината што доаѓа, како и да ја задржиме компанијата на нивото на солиден фаворит во оваа група на успешни и финансиски силни компании.   

Компанијата Веро во моментов вработува околу 900 работници, од кои само мал дел од менаџерскиот тим се странци, додека сите други се македонски граѓани. Какви работници ѝ се потребни на вашата компанија?

- Мојата бизнис филозифија е многу јасна и гледа напред. Јас работам со чесни, трудољубиви и професионални луѓе кои го сакаат тоа што го работат и сонуваат за личен напредок преку еволуција на компанијата во која што работат. Како резултат на тоа, немам некои посебни фаворизации кои се однесуваат на одредени националности, ниту пак сметам дека одредени групи луѓе се покомпетентни од останатите. Фактот дека речиси сите локални менаџери се Македонци доаѓа природно, со оглед на тоа дека во земјата има многу добри луѓе кои ги поседуваат карактеристиките што ги набројав погоре.   

Во секој бизнис, клучен фактор за успех е односот на доверба кој што се гради со клиентите. Како вие ја стекнавте таа доверба и што правите за да ја задржите?

- Довербата на клиентите е нашата најценета вредност која се гради со долги години напорна работа и фокусирање на нашите идеали. Добрите приказни, заедно со пријатното опкружување, лесниот пристап, добар избор на производи, добра услуга и конкурентни цени се композицијата за придобивање на лојалноста на купувачите. Сепак, сето ова е полесно да се каже отколку да се направи. Нашиот најнов производ кој е направен за да им служи на нашите потрошувачи е Веро картичката којашто ќе им го олесни животот и обезбедувањето попусти ќе го направи многу поедноставно. Повеќе детали за овој производ може да дадат моите колеги.  

Какви се вашите идни планови за развој на компанијата? Планирате ли во 2017 да отворите нови маркети и дали Веро ќе отвори маркет во некој друг град освен во постојните три?

- Во моментов градиме уште еден голем супермаркет во Тетово кој треба да биде готов во март 2017 година. Тој ќе има продажен простор од 2.500 метри квадратни, ќе биде на едно ниво, со голем и удобен паркинг внатре во објектот. Исто така, во Битола ќе го прошириме еден од големите супермаркети до кој ќе се отвори продавница „Џамбо“ на 1.000 метри квадратни. И овој проект треба да е готов до март 2017 година. Во контекст на ова, имаме многу предлози низ целата земја за да станеме дел од неколку трговски центри или пак да купиме земјиште за изградба на Веро маркети или продавници „Џамбо“. 

Сличен план за проширување имаме и за Србија, особено за Белград, каде што веќе имаме 6 големи Веро маркети и 2 продавници „Џамбо“. Но, сето ова јас го разгледувам многу внимателно бидејќи мојата главна грижа е да се одржи долготрајна и одржлива работа на компанијата преку здрава експанзија. Во мојата професионална кариера сум сретнал компании кои влегле во проблеми поради погрешните експанзионистички планови кои што ги имале, во кои главна цел било да се покажат на пазарот и да се преправаат дека се нешто што реално не се. Вообичаено, менаџментот на ваквите компании има краткорочна визија.  

Веро картичка – подарок за лојалните купувачи 

Попусти, подароци, заштеда, поврат на пари, се само дел од поволноститешто ги добиваат потрошувачите во маркетите на „Веро“ кои се сопственици на Веро картичката за лојалност.

Преку програмата за лојалност на „Веро“, сите потрошувачи имаат можност да собираат поени при секојдневното пазарувањебез никакво ограничување, за да добијат различни попусти и други ексклузивни поволности.

Дел од програмата за лојалност стануваат сите потрошувачи кои се регистрирале во неа. Секој регистриран потрошувач добива една главна картичка и уште две дополнителни наменети за членовите на неговото семејство. При плаќањето на сметките направени во кој било маркет на „Веро“, поените од трите картички се собираат на една заедничка сметка и може да се искористат за намената за којашто се одлучил сопственикот на картичката. 

Потрошувачите коисакаат да бидат дел од програмата за лојалност може да аплицираат за Веро картичка на три начини. Регистрацијата се врши онлајн преку веб-страницата www.vero.com.mk,  преку мобилната апликација Vero app кадепотрошувачот се регистрира со мобилниот телефон или директно со пополнување формулар на главната каса во кој било од десетте маркети на „Веро“ низ Македонија. Потрошувачите коишто се регистрирале онлајн поените ги собираат на својот мобилен телефон, но постои опција да добијат и картичка доколку тоа го наведат во онлајн апликацијата. 


Можеби ќе ве интересира

Мате Римац повеќе не е извршен директор на Rimac Group

Мате Римац повеќе не е извршен директор на Rimac Group

НОВИ ОТКАЗИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА: Германската компанија укинува повеќе од илјада работни места

НОВИ ОТКАЗИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА: Германската компанија укинува повеќе од илјада работни места

ДВЕ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ТЕШКИ 50 МИЛИОНИ ЕВРА ДО КРАЈ НА МЕСЕЦОВ: се очекува да се отворат 500 нови работни места

ДВЕ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ТЕШКИ 50 МИЛИОНИ ЕВРА ДО КРАЈ НА МЕСЕЦОВ: се очекува да се отворат 500 нови работни места

ГРАДЕЖНИЦИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ПОИНТЕНЗИВНО НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО - расте вредноста на договорените активности

ГРАДЕЖНИЦИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ПОИНТЕНЗИВНО НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО - расте вредноста на договорените активности

Луфтхаза ја купува националната италијанска авиокомпанија ITA Airways: Продажбата проценета на 325 милиони евра

Луфтхаза ја купува националната италијанска авиокомпанија ITA Airways: Продажбата проценета на 325 милиони евра

РУСИЈА ЈА СТОПИРАШЕ ИСПОРАКАТА НА ГАС КОН ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА - главна причина за ваков потег се долговите

РУСИЈА ЈА СТОПИРАШЕ ИСПОРАКАТА НА ГАС КОН ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА - главна причина за ваков потег се долговите

ТРЕНЧЕВСКА: Имаме буџет кој единствено ги задоволува потребите на 24 министри и нивните кабинети

ТРЕНЧЕВСКА: Имаме буџет кој единствено ги задоволува потребите на 24 министри и нивните кабинети

ЕК: Приватната потрошувачка и инвестициите ќе го забрзаат растот на македонскиот БДП

ЕК: Приватната потрошувачка и инвестициите ќе го забрзаат растот на македонскиот БДП

НЕВЕРОЈАТНО: Најскапиот квадрат во стан во стара зграда во Белград е платен 7.500 евра

НЕВЕРОЈАТНО: Најскапиот квадрат во стан во стара зграда во Белград е платен 7.500 евра