21 Јануари, 2025
0.0300

Вештите раце од ништо прават нешто и носат празнична магија во домовите

Објавено во: Македонија 30 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Празниците се мотив плус, жените со вешти раце да изработат уникатни ракотворби. Таков е случајот и со Наташа Серафиновска од Куманово која плете новодишни украси. Почнала пред две години и до ден денес се труди да биде подобра и покреативна. Ракотворби најчесто прави во чест на Нова година, Божиќ и Велигден. Вели дека идеи за тоа што ќе работи добива од различни интернет страници. Создава украси во различни бои, прималиви за децата, но и возрасните не можат да им одолеат.

„Пред две години плетев повеќе така зашто останав без работа и заработував од плетење украси. Љубовта кон децата и љубовта кон рачните изработки е тоа што ме поведе. Изработував и Велигденски украси. Имам плетено Дедо Мразовци, ирваси, капчиња и шалчиња за шишиња за украсување, како и држачи за нож и виљушка со изглед на Снешко. Сум плетела и за продавање и за подарување“, вели таа. 

Додава дека побарувачка има за вакви украси, но како што објаснува не е сè во парите и на овој начин се релаксира и си го исполнува времето.  Изработила многу украси, но колку време ќе потроши за еден од нив зависи од големината. 

„Може да се заработи, има побарувачка и кога бев без работа правев повеќе рачни изработки, но тоа ме исполнува и релаксира кога работам. Има многу придобивки од изработките, не е сè во парите. Психички се опуштам, тоа ми е еден вид медитација. Додека ги правам изработките, имам позитивно чувство. Еднаш изработив бовча со свет мотив, со Јосиф и Марија како го држат Исус во рацете и ја подарив во црквата Света Богородица во Тетово и во иднина сакам да направам повеќе такви. Таа љубов што ја имам кон рачните изработки сакам да ја пренесам на младите генерации и затоа сакам да отворам работнилница во едно кумановско село. Сакам да ги подучувам младите како се изработуваат плетени изработки. Плетењето е уметност и наша традиција, духовно богатство кое треба да се пренесува од колено на колено“, додава Серафимовска. 

Таа вели дека во иднина сака да отвори работилница, но и да организира хуманитарна акција за ранливи семејства. Ги сака македонските мотиви и тие често се наоѓаат на нејзините изработки. На младите им порачува наместо да седат со телефони во рака, да најдат некое креативно хоби или да читаат книги во слободно време. 

Од Здружението на уметници ракотворци Македонски ракотворби од Битола, објаснуваат дека Македонија има голем број вакви уметници. Меѓу нив има не само жени, туку и мажи, а најголем дел од нив работат со накит, плетени работи и срма. Според нив, мнозинството уметници ракотворци имаат над 30 години и во таа животна доба решаваат да творат и својата креативност да ја претворат во дела. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски