18 Декември, 2025
0.3103

ВФП ДИВИДЕНДА – првиот инвестициски фонд во Македонија која годишно ќе исплаќа дивиденда

Објавено во: Финансии 25 Јануари, 2021 12:44

Добивај вести на Viber

ВФП Дивиденда е нов инвестициски фонд на пазарот во Македонија, кој отпочна со работа на 20.01.2021 година по претходно добиено решение од Комисијата за хартии од вредност со број  УП1 08-117 од 29.12.2020 година и успешно завршена јавна понуда. За прв пат на македонскиот пазар се отвара отворен инвестициски фонд кој ќе исплаќа дел од дивидендниот принос на инвеститорите. Иако фондовите со исплата на дивиденда се веќе долго време присутни во развиените земји, до сега кај нас не постоеше таков тип на фонд, иако македонските граѓани се научени на примање пасивни приливи како камата, кирија, дивиденда и сл.

ВФП Дивиденда е фонд под управување на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје. Друштво кое се има поставено на пазарот како најголем управувач на фонд кој доминантно вложува во акции преку фондот ВФП Премиум Инвест, кој е всушност и најголемиот акциски фонд и во регионот со над 23 милиони евра под управување заклучно со 21.01.2021.

ВФП Фонд Менаџмент со ова продолжува со носење на иновации од развиениот свет во Македонија (во минатото ова Друштво прво го донесе Unit-linked производот во Македонија).

Како први инвеститори во фондот од Друштвото велат дека се јавуваат дел од најзначајните акционери на Друштвото, вклучувајќи го и претседателот на оваа австриска групација, со што македонските граѓани ќе имаат можност нивните средства да се управуваат заедно со средствата на претседателот на оваа голема ВФП австриска групација.


ВФП Дивиденда е вистинскиот избор за инвеститори кои сакаат да остварат атрактивен принос преку искористување на глобалниот раст на светската економија, особено на најразвиените економии во светот како САД, ЕУ и Велика Британија.

Преку инвестирање во ВФП Дивиденда може да очекувате зголемување на сопствениот капитал на долг рок со искористување на:

·  Континуираниот развој и иновативност на светски брзорастечки корпорации кои ја дефинираат иднината и „Dividend stocks“ компании кои исплаќаат високи дивиденди и кои ѝво периоди на намалена економска активност остваруваат позитивни резултати од работењето;

·  Остварување на приходи од исплата на дивиденда од фондот;

·  Професионалното управување на средствата на фондот;

·  Можноста да го намалите пазарниот ризик од купување акции (вложување на берза) без соодветно знаење;

·  Можноста да станат индиректни акционери во странски познати компании;

·  Атрактивен принос со умерен ризик;

·  Автоматското реинвестирање на добивката;

·  Намалените трошоци за управување со средствата;

·  Диверзификацијата на портфолиото по земји, валути и инструменти;

·  Можноста за следење (преку веб-апликацијата) и достапност на вложените средства во секој момент;

·  Експертизата и имиџот кој го има изградено Друштвото за управување;

Овој фонд е наменет за:

-  инвеститори кои кога инвестираат сакаат годишно да го почувствуваат бенефитот од тоа да се биде инвеститор преку добивање на дивиденда од направената инвестиција

-  инвеститори кои сакаат да имаат дополнителен извор на пасивни приливи

-  инвеститори кои имаат инвестициски период над 10 години

Во фокусот на овој фонд се реномирани компании, за кои Друштвото смета дека имаат оддржлив бизнис модел. Со што Топ 5те позиции на овој фонд заклучно со 21.01.2021 година се:

-  Roche Holding AG

-  Johnson & Johnson

-  Philip Morris International Inc.

-  Allianz SE

-  Facebook Inc


Стратегијата според која се гради портфолиото на Фондот ВФП Дивиденда содржи високо ниво на ризик, коj е повисок од ризикот карактеристичен за паричните фондови или пак за фондовите кои инвестираат исклучиво во должнички хартии од вредност (обврзници), но во исто време е понизок од ризикот на оние фондови кои исклучиво инвестираат во акции од mid-cap, small- cap или start up компании. Пресметката на категоријата на ризичност се заснова на историското движење на цената на уделите и нето-вредноста на имотот на Фондот од почетокот на постоење.


Можеби ќе ве интересира

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска