26 Декември, 2024
0.1485

ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје слави десет години успех и иновации

Објавено во: Мои пари 06 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Во Скопје,  на 04.12.2024 – ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје со гордост ја одбележа својата 10-годишнина, прославувајќи една деценија на иновации и раст во индустријата за управување со инвестициски фондови. Основана во 2014 година како дел од WVP Group од Грац, Австрија, a со одобрение од Комисијата за хартии од вредност, ВФП Фонд Менаџмент денес брои над 9800 клиенти во своите фондови.

Од отворањето на отворениот инвестициски фонд ВФП Премиум Акции, кој моментално е најголемиот акциски фонд во Македонија со над 71 милион евра, до пионерско воведување на Unit Linked производот во Македонија во партнерство со ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, ВФП Фонд Менаџмент постави стандард за иновации и посветеност. Денес, компанијата управува со седум различни отворени инвестициски фондови, наменети за преференциите на сите видови инвеститори, обезбедувајќи пристапност и долгорочна вредност за своите клиенти.

Регионална експанзија и стратешки партнерства

По успешната приказна на ВФП Фонд Менаџмент во Македонија, во 2017 година Друштвото ја основа својата прва ќерка-фирма на Балканот, во Србија, а потоа следеа, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Во 2022 година, ВФП Фонд Менаџмент го основа Друштвото за управување со доброволни пензиски фондови ВФП Пензиско Друштво АД Скопје, станувајќи една од четирите компании на македонскиот пазар на пензиско осигурување.

Дел од ВФП Фонд Менаџмент брендот е и компанијата BlueSmart Investments како компанија за управување со отворени инвестициски фондови инкорпорирана во Бугарија, основана со цел пристап на пазарите во Европска Унија. Овој значаен стратешки потег беше надополнет со договор со Wiener Städtische, една од најголемите австриски осигурителни компании со 4 милјарди евра бруто полисирана премија, отворајќи го патот за раст на австрискиот пазар. Денес компанијата може да се пофали дека нејзиниот фонд BlueSmart Premium Equity е дел од понудата на 105-те фондови со кои може да се купи полиса за животно осигурување во Виена и цела Австрија.

Посветеност на талент и иновации

Како што ВФП Фонд Менаџмент гледа кон иднината и развојот на компанијата, продолжуваме да инвестираме вонашите вработени. Денес компанијата брои 128 инвестицсики агенти, кои се исклучителни професионалци во продажба на инвестициски фондови, како и 18 вработени, меѓу кои два CFA Charterholders, двајца математичари magna cum laude, риск менаџер со положен FRM Level 1, тим од исклучителни професионалци - портфолио менаџери, луѓе во делот со усогласеност со прописи, риск менаџмент, ревизија и позадинско работење.

Акцентот на компанијата на градење способен и визионерски тим ја осигурува нејзината подготвеност да ги искористи новите можности во инвестицискиот свет и да се движи низ предизвиците кои претстојат.

Деценија на достигнувања, иднина на можности

Во текот на изминатите десет години, ВФП Фонд Менаџмент постигна извонредни достигнувања, вклучувајќи 176 милиони евра под управување, 39 милиони евра додадена вредност за инвеститорите, воспоставување компании надвор од Македонија, соработка со голем број на извонредни компании и поединци, како и додавање на вредност на своите клиенти. Стратешките инвестиции, иновативниот пристап и посветеноста на потребите на инвеститорите ја позиционираа компанијата како клучен играч во инвестициската индустрија. Со огромна посветеност и растечките можности, ВФП Фонд Менаџмент е подготвена за уште поголеми достигнувања во годините што доаѓаат.

*Броевите наведени во текстот се со датум 30.11.2024

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Македонија2025 ја обликува иднината на Македонија - поддржани над 100 бизниси и 1.680 лидери и таленти

Македонија2025 ја обликува иднината на Македонија - поддржани над 100 бизниси и 1.680 лидери и таленти

Halk EZ Cashback за младите со динамичен стил на живот

Halk EZ Cashback за младите со динамичен стил на живот

СН Мото Центар: Највисоки стандарди на технички преглед на возила и поволности за клиентите

СН Мото Центар: Највисоки стандарди на технички преглед на возила и поволности за клиентите

Физичката активност не е само превентивна мерка, туку и моќен сојузник во подобрувањето на менталното здравје и општата благосостојба

Физичката активност не е само превентивна мерка, туку и моќен сојузник во подобрувањето на менталното здравје и општата благосостојба

Шест каратисти на „Макпетрол“ меѓу наградените млади спортисти од Град Скопје

Шест каратисти на „Макпетрол“ меѓу наградените млади спортисти од Град Скопје

Рамстор и Општина Центар се обединија за да го означат крајот на 2024 година со низа настани кои заедно ги создадоa

Рамстор и Општина Центар се обединија за да го означат крајот на 2024 година со низа настани кои заедно ги создадоa

РЕПЛЕК: Идната година планираме раст на приходите за 25 отсто, засилени инвестиции во иновација и проширување на производството

РЕПЛЕК: Идната година планираме раст на приходите за 25 отсто, засилени инвестиции во иновација и проширување на производството

МЕГА шопинг парк во Гевгелија ќе донесе нови содржини за туристите и локалните жители

МЕГА шопинг парк во Гевгелија ќе донесе нови содржини за туристите и локалните жители

Македонска премиера на “Ракетно моделарство” на Златко Калеников

Македонска премиера на “Ракетно моделарство” на Златко Калеников