(ВИДЕО) 142 луѓе загинале во нападите на двете џамии во Јемен
Објавено во: Свет 20 Март, 2015 21:17
Бомбаши-самоубијци кои се разнесле во двете џамии во центарот на Сана, главниот град на Јемен, при што загинале најмалку 142 лица, соопшти либанското издание „Дејли стар“, повикувајќи се на медицински извори, а над 345 лица се повредени.
Верниците кои биле присутни на петочната молитва во џамиите Бадри и ал Хашууш кога најмалку тројца бомбаши се кренале во воздух.
Едниот од бомбашите се разнел во џамијата Бадри во јужниот дел на главниот град, а друг пред џамијата, додека излегувале верниците по петочната молитва, соопштија сведоци.
Глави, раце и нозе на мртви луѓе се расфрлени по подот на џамијата, изјавил Мохамед ал Анси за „АП“, додавајќи дека „крвта тече како река“.
Третиот напаѓач се разнел во џамијата ал Хашууш во северниот дел на Сана.
Медицински извор откриле дека имамот на џамијата Бадри, Ал Муртада ал Мухатуари, е меѓу загинатите.
Видеата, емитувани на „Al-Massira“, покажуваат тела кои лежат во „локви од крв“.
Џамиите претежно се користат од приврзаниците на шиитските бунтовници хуси кои ја контролираат Сана.
Одговорност презеде терористичката група „Исламска држава“, и дека нападот бил извршен со ракопис на „Ал Каеда“.
Од групата предупредуваат дека бомбашките напади се „само врв на ледениот брег“.
„Неверниците хуси треба да знаат дека војниците на „Исламска држава“ нема да запрат додека не ја пресечат раката на иранскиот план во Јемен“, стои во пораката на групата.
Се смета дека хусите добиваат поддршка од Иран.
Друг бомбаш-самоубиец се разнел пред џамија во област Саада, која исто така е под контрола од хусите. Нема жртви. Само напаѓачот загинал, бидејќи пред џамијата имало зголемена безбедност и не бил примен да влезе внатре.
Нападите доаѓаат ден по крвавите судири во јужниот град Аден меѓу силите, лојални на претседателот Абдрабу Мансур Хади и оние кои го поддржуваат неговиот претходник, Али Абдула Салех, при што загинаа 13 лица.
Власта во Јемен не контролира поголем дел од територијата на земјата.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави





