(ВИДЕО) 3 МИНУТИ И 25 СЕКУНДИ УЖАС: Го земал телефонот и го снимил пожарот кој го обиколил и за чудо преживеал
Објавено во: Балкан 27 Јули, 2018
До бројка од 83 луѓе стигна црниот биланс на жртви кои загинаа во грчките пожари.
На грчките медиуми кружат разни приказни, сведоштва и видеа кои го прикажуваат ужасот и трагедиите.
Најновото видео кое го пласираа медиумите во Грција прикажува како изгледа да се биде во центарот на пожарот во грчкото село Мати.
Се пишува дека мажот кој го снимил видеото во паника ја отворил вратата и излегол од својата куќа да ја внесе мачката, но ветрот набрзо ја затворил вратата и тој повеќе не можел да се врати во неа.
Така останал пред куќата, прилепен за ѕидот, додека огнот голтал се пред себе со огромна брзина.
Пожарот бил толку близу до него да се поставува прашањето како и воопшто преживеал, аво снимката може да се слушне и силниот ветар.
Според зборовите на корисникот на Фејсбук кој го објавил видеото и го познава човекот кој го снимил, и тој и неговата мачка го преживеале пожарот.