(ВИДЕО) Англија со нова принцеза – Кејт и Вилијам добија девојче
Објавено во: Свет 02 Мај, 2015 20:22
Британскиот принц Вилијам стана по втор пат татко вчера, откако неговата сопруга Кејт Мидлтон роди девојче утрово во Лондон.
Војвотката од Кембриџ роди девојче во 8,34 часот по лондонско време (10,34 часот по македонско), објавија од дворецот Кенсингтон на Твитер и преку е-маил. Бебето тежи 3,7 кг. Мајката и бебето се добро. Стана јасно дека Вилијам, синот на британскиот принц Чарлс, присуствувал на раѓањето.
Кејт беше примена во болницата во 6 часот наутро, откако породувањето започнало го соопшти пред тоа дворецот. Тоа беше сигнал за медиумите да се наредат пред болницата за да ја чекаат веста. Кралското бебе требаше да се појави на 25 април. Кејт роди во познатата болница "Линда" во болницата Сент Мери во западен Лондон. Таму беше родено и првото нејзино дете - принцот Џорџ, во јули 2013 година Пак таму принцезата Дијана роди неговиот татко принцот Вилијам, како и неговиот брат принцот Хари.
Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт и новородената им ќеркичка ја напуштија болницата во Лондон пред неколку часа.
Тројцата прво излегоа на скалите на болницата "Сент Мери", за да се фотографираат. Малата принцеза спиеше мирно во рацете на мајка си Кејт, облечена во елегантен светложолт фустан.
Денес Британците се обложуваа за тоа, каква боја ќе биде фустанот на Војвотката од Кембриџ при нејзиното излегување од болницата.
Можеби ќе ве интересира
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница





