(ВИДЕО) Артилериски напад во Доњецк: Горловка гаѓана со гранати на НАТО
Објавено во: Свет 22 Март, 2015 11:01
Силен артилериски оган се слуша утрово околу Доњецк, жариштето на проруските сепаратисти на истокот од Украина, јавуваат известувачите на Франс прес, а руската телевизија Лајф њуз јавува дека украинската војска ја гаѓала Горловка, предградието на Доњецк, со гранати од арсеналот на НАТО.
Се слуша размена на оган од тешка артилерија од 7 часот по средноевропско време во зоната близу до аеродромот во Доњецк.
„Се слуша не само од правецот на аеродромот, туку и од областите на Смолјанка и Гарделја, а на Путиловка луѓето цела ноќ око не затвориле“ - раскажал Андреј Јевремов, од Доњецк и додал дека цело утро се слушаат митралези, автомати и нешто тешко.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=vH0qAGGUVyk&feature=player_detailpage[/embed]Жителите на Доњецк велат дека граната паднала на одделението за багаж на Железничката станица , но не експлодирала.
Двете страни взаемно се обвинуваат дека го кршат примирјето од Минск, со посредство на францускиот претседател Фрасоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел и во присуство на претсеадтелот на Русија Владимир Путин.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=RWUzzhSDXwA[/embed]Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави





