(ВИДЕО) Бојко Борисов зборува, Бујар Османи слуша како ученик
Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2020
БГ НЕС објави видео од денешната средба на бугарскиот премиер Бојко Борисов со министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, во Софија, Станува збор за кратка средба пред официјалниот состанок на Османи со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.
„Вашите граѓани треба да знаат дека во Бугарија имате и сте имале најголема поддршка и дека ние само треба да ја направиме историјата мост на пријателството и блискоста, а не скршен мост на кој Република Северна Македонија не може да помине. Значи тука не треба да има политички игри “, рече премиерот Бојко Борисов за време на состанокот.
Според него, перспективата и моментот се исклучително важни и би било грев против историјата ако сегашните политички лидери во Бугарија и Република Северна Македонија не успеат да најдат компромис. „Ни светот нема да не разбере“, додаде премиерот Бојко Борисов.
Во моментов Бугарија бара дополнителни услови за Северна Македонија од земјите-членки на ЕУ, а истовремено се бара што е можно побрзи договори во рамки на Мешовитиот комитет за историски прашања, пред се за статусот на Гоце Делчев.
Посетата на Османи е претходница на средбата на премиерите Заев и Борисов, која треба да се случи пред 10 ноември.