(ВИДЕО) ЦЕЦА ГО РАЗВЕА БУГАРСКОТО ЗНАМЕ ВО ВЕЛЕС: Концертот сопре по свирежите од публиката
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2025 06:35
Концертот на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ, кој се одржа вечерва во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, заврши со инцидент што ја вознемири публиката.
Според видеото кое се шири на социјалните мрежи, за време на настапот пејачката во еден момент подигнала бугарско знаме, потег кој веднаш предизвика бурни реакции меѓу присутните. Дел од публиката почна да ја исвиркува, додека други решиле да го напуштат просторот во знак на протест.
Настанот, замислен како музички спектакл, неочекувано доби политичка димензија и предизвика бројни реакции и дебати на социјалните мрежи.
СКАНДАЛ во Велес: Цеца го разви бугарското знаме pic.twitter.com/EIR8rFAkEK
— Булевар.мк (@bulevarmk) October 31, 2025
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




