(ВИДЕО) ЦЕЛ БЕШЕ ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ: Израел срамни кварт во Бејрут
Објавено во: Свет 27 Септември, 2024
Нападот ги затресе прозорците низ либанската престолнина и испрати густи облаци од чад што се издигнаа во воздухот, објави Скај Њуз.
Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах бил целта на нападот и израелската војска истражувала дали тој бил погоден, објавија три големи израелски ТВ канали.
Извор близок до Хезболах изјави за Ројтерс дека Насрала е жив, а иранската новинска агенција Тасним исто така објави дека тој е на безбедно.
Либанското Министерство за здравство соопшти дека најмалку двајца загинале, а 76 се ранети во нападите. Се вели дека бројките се прелиминарни.
Израелската војска тврди дека извршила „прецизен удар“ врз штабот на Хезболах, кој, како што рече, бил „вграден под станбени згради во срцето на Дахиех во Бејрут“.
Тоа беше најсилниот напад изведен од Израел во Бејрут за време на неговиот речиси едногодишен конфликт со Хезболах, кој започна кога групата поддржана од Иран почна да стрела ракети кон Израел речиси веднаш по нападот на Хамас од Газа на 7 октомври.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.